3 стратегии како на позитивен начин да го завршите работниот ден

Како ќе го завршите работниот ден влијае на тоа како ќе ви почне следниот ден, па многу е важно да направите неколку работи кои ќе ве остават релаксирани и спокојни.

3-strategii-kako-na-pozitiven-nacin-da-go-zavrshite-rabotniot-den-01.jpg

Тим Хирд, извршниот директор на компанијата „Robert Half Management Resources“ вели дека постојат 3 работи со кои треба да го завршите работниот ден, за следниот да ви започне уште подобро.

3 стратегии кои секој може да ги достигне:

1. Планирајте го следниот ден

Ако одвоите само неколку минути за да го испланирате следниот работен ден, ќе си заштедите многу време. Нема да мора да поминете многу време за да бидете во тек со настаните и да поминувате низ сите пораки за да се присетите и да ги испланирате проектите кои ве очекуваат.

3-strategii-kako-na-pozitiven-nacin-da-go-zavrshite-rabotniot-den-2.jpg


2. Одвојте неколку минути да размислите за она што сте го направиле

Пред да си заминете од работа, размислете за позитивните работи кои ви се случиле тој ден. Важно е да знаете што поминало добро и со што можете да се гордеете, а што треба да поправите. Ќе имате поголема самодоверба во себе.

3-strategii-kako-na-pozitiven-nacin-da-go-zavrshite-rabotniot-den-3.jpg


3. Заблагодарете се на колегите

Без разлика на тоа дали се заблагодарувате на соработникот кој ви помогнал да завршите некој проект или само затоа што ви донел ручек кога не сте имале време самите да отидете, важно е да се заблагодарите. Изразувањето на благодарност генерира позитивна атмосфера и ќе се чувствувате подобро.

3-strategii-kako-na-pozitiven-nacin-da-go-zavrshite-rabotniot-den-4.jpg

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg