Како да ја пронајдете вистинската работа за вас?

Луѓето денес не очекуваат да најдат работа само за да заработат пари, туку бараат и смисла и задоволство. Со оглед на тоа дека добар дел од денот се поминува на работа можни се и кризи, па затоа треба да се одбере работа според типот на личност.

kako-da-ja-pronajdete-vistinskata-rabota-za-vas-01.jpg

6 чекори кон успешно пронаоѓање на работата од соништата:

Прифатете дека е нормално да се биде збунет околу изборот

Во прединдустриската доба постоеле околу 2.000 занимања. Денес ги има околу пола милион. Такашто, многу е лесно да се дојде со тензија од преголем избор да не избереме ништо. Научниците го викаат тоа парадокс на изборот.


Запознајте се себеси

Не можеме туку така спонтано да знаеме со што би сакале да се занимаваме.Не постои никаква предодреденот која ја добиваме со раѓање дека некој ќе биде сметководител, а некој фудбалер.

Сепак, кога немаме план се водиме по оние кои го имаат. Запознајте се себеси и преиспитајте се. Не дозволувајте парите да бидат пред вашето поле на интерес.

Ставете на лист сè што сакате да работите, а притоа не правете никаква калкулација и не бидете критички настроени. На тој список може да биде од изработка на накит, до шиење на машина.

Токму во тој список ќе се крие иделаната професија за вас.


Многу размислувате

Изборот на работа не е нешто кое би го одбрале преку ноќ. Овој процес може да потрае со месеци.

Вложете труд и не гледајте на работата како на затвор или на производ од студенските денови. Посветете се максимално.


Пробајте нешто

Не треба само да размислувате како изгледа да се работи на некое место. Така нема да имате никаков увид во реалноста.

Пробајте да соберете што повеќе информации за таа работа и за луѓето кои ја работат. Пријавете се на пракса или волонтирајте на тоа место.

kako-da-ja-pronajdete-vistinskata-rabota-za-vas-1.jpg

Размислете за тоа што луѓето ги прави несреќни

Секој стрес на другиот и промена може да биде прилика за нас. Истражувајте ги потребите на другите, таму каде што некој завршил вие можете да почнете.

Со препознавање на туѓите потреби може да имате одлична идеја за бизнис. Бидете инвентивни и креативни.


Имајте самодоверба

Самодовербата може да биде главна разлика меѓу успехот и неуспехот. Луѓето кои имаат поголема самодоверба имаат поголем успех од другите.

Тие не сметаат дека само одредени личности можат да ги имаат највисоките функции. Веруваат во себе и знаат колку вредат. Само напред!

kako-da-ja-pronajdete-vistinskata-rabota-za-vas-2.jpg

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg