Кога ќе сакате да се откажете од сè, сетете се...
Патот кон остварувањето на целите е тежок и макотрпен, а животот постојано нè искушува поставувајќи ни бројни препреки чие надминување понекогаш ни изгледа невозможно.
Секој од нас многупати се нашол во ситуација кога едноставно сакал да крене раце и да се откаже сметајќи дека се наоѓа во безизлезна ситуација и дека тоа едноставно не е она вистинското кон кое тргнал.
Успешните луѓе не се луѓето кои бројат колку пати во животот успеале, успешните луѓе се тие кои никогаш не се откажале.
Во моментите кога ќе се почувствувате изгубено и немате волја да продолжите понатаму, само сетете се на овие 5 работи:
1. Зошто воопшто сте почнале
Важните работи во животот не се нешто за кое донесуваме туку така одлуки. Секоја важна одлука долго време сте ја осмислувале во главата и сте ги разгледале сите позитивни и негативни работи поврзани со неа.
Вашата желба за остварување на замислата ве довела во ситуација да од сите останати идеи на светот вие ја одберете токму таа.
2. Колкав пат се изоделе
Колку и да изгледа едноставен патот кој сте го поминале, вие сте единствените кои знаат што сè сте морале да жртвувате за да стигнете дотаму.
Само сетете се на поговорката „Ништо во животот не паѓа од небото“. Не заборавајте ги и не потценувајте ги трудот и силата која ве довела до таму.
3. Луѓето кои веруваат во вас
Иако најчесто луѓето се тука да критикуваат и да ви кажат дека грешите и тоа што го правите е лудост и нешто кое е невозможно, не заборавајте на луѓето кои се секогаш тука за вас и кои безрезервно веруваат во вас.
Тоа се луѓето кои никогаш нема да ви преречат дека не сте успеале, туку ќе ве дочекаат со прегратка која ќе ви даде сила да почнете одново и никогаш да не се откажете од вашите соништа, бидејќи тие знаат колку вреди насмевката на вашето лице и колку вредат вашите соништа.
4. Неуспесите се составен дел од успехот
Никогаш нема да знаете да го цените успехот, ако не сте почувствувале пораз. Чувството кое ќе ве направи посилни и ќе ве мотивира да одите напред е желбата за успех.
Не е важно колку пати ќе паднете, важно е да не се откажувате. Дури и целиот свет да ја изгуби вербата во вас, важно е што вие чувствувате.
Вербата во себеси е најсилниот двигател кон остварување на целите и тоа е нешто кое секогаш треба да го имате на ум.
5. После дождот секогаш доаѓа сонце
Никогаш не заборавајте дека ништо на светот не трае засекогаш. Можеби дождот и сивилото ќе бидат присутни неколку дена, неколку недели, неколку месеци, но еден ден сонцето ќе успее да ги избрка и ќе заблеска со сиот свој сјај.
Затоа, кога ќе видите дека вашето небо го прекриле облаци не очајувајте, застанете, земете длабок здив и почекајте го сонцето.
Кога тоа ќе се појави блеснете заедно со него и храбро тргнете напред кон своите соништа.
М. С. | Црнобело