Дали знаете да работите под притисок?
Повеќето од нас имале прилика да бидат на интервју за работа, додека пак за оние кои ја немале таа прилика, добро е да бидат подготвени да ја зграбат во целост кога ќе им биде укажана.
Честопати колку и да сте способни и квалитетни за работата за која аплицирате, сепак треба да знаете да се снајдете на „блиц“ прашањата кои ги поставува вашиот претпоставен, па затоа еве неколку совети како да се извлечете од едно од најнезгодните прашања кое се поставува на скоро секое интервју за работа.
Дали знаете да работите под притисок?
Честопати многумина би одговориле дека тие можат да работат подеднакво добро и кога се под притисок и кога не се под притисок, што може да предизвика негодување кај оној кој го води интервјуто.
Затоа подобро е да имате однапред подготвени (што би се рекло дипломатски одговори) одговори на ова „фатално“ прашање:
1. Работам добро под притисок, бидејќи работењето под притисок ме прави поефикасен во она што го правам.
2. Уживам да работам под притисок, бидејќи тоа ме прави посилна личност. Од претходните работни искуства сум имал/а можност да се соочам со рокови кои во целост биле запазени, а сето тоа влијаеше на моето понатамошно усовршување.
3. Јас работам добро под притисок, бидејќи не сум личност која паничи, стабилен/на сум и никогаш не сум имал/а проблеми со работењето под притисок во досегашните искуства.
4. Работењето под притисок не ми претставува проблем, бидејќи се обидувам да ги отфрлам сите негативни емотивни фактори и да ја сработам мојата задача што е можно на највисоко ниво, без разлика колку обврски ми висат над глава. Секогаш знам да направам листа на приоритети и да си го организирам времето кое ми е на располагање и така да бидам ефикасен/а. Така верувајќи дека мојата работа кога нема никаков притисок е одлична. Сметам дека работењето под притисок нема да биде неквалитетно заради постоењето на истиот.
5. Имам пријатели кои не сакаат да работат под притисок. Не знам дали е чудно да кажам, но јас уживам да работам под притисок. Негативните чувства од притисокот ги претворам во мотивациони пораки кои си ги праќам самиот на себеси за да ме натераат да работам понапорно и подобро.
Можете да наведете и некој пример од лично искуство. На пример, на претходното работно место требаше да завршиме работа во четири дена која најчесто се извршува за осум дена.
Секако, знаете дека тоа е процес кога веднаш настанува паника.
Но, кога ќе се сконцентрирате и престанете да паничите, целиот тој проект може да биде завршен во рокот кој го имате. Понекогаш може да се случи и да не спијам, но она што е мое мора да биде завршено.
Можеби ова нема да биде пресудното прашање со кое ќе ја добиете работата, но добро е да имате „асови во ракавот“ кои сигурно ќе ви го олеснат патот до вашата цел.
Н. Буџак | Црнобело