Не се откажувајте: 7 познати личности кои станале успешни по 30-тата
Многу од нас се откажуваат од своите соништа и страстите за да имаат финансиска и семејна стабилност, посебно кога имате деца за кои треба да се грижите, но тоа не значи дека соништата изумреле.
Никогаш не е доцна да целите кон својата среќа.
Постојат барем 7 луѓе кои ќе ви покажат дека можете да ги напуштите стабилноста и сигурната кариера и сами да го дефинирате личниот успех.
Овие луѓе успеале така и светот да го променат.
1. Волт Дизни
Откако завршил средно училиште, не можел да најде работа. Негова надеж била дека ќе се вработи како карикатурист за некое списание, но неколку пати бил одбиен со објаснување дека нема никаква фантазија и нема добри идеи за да биде карикатурист.
Личниот успех го пронашол откако ја искористил слободата своите идеи да ги преточи во реалност. Оттогаш има освоено 26 Оскари.
2. Харисон Форд
Тешко е да замислите дека актерот кој беше во улогите на Индијана Џонс или Хан Соло бил нешто друго освен актер, но тој работел како столар пред да ја добие својата прва улога на 31 година.
3. Лора Инголс Вајлдер
Оваа писателка најпозната е по „Little House On The Prairie“, серија на книги од кои има и ТВ серија. Но, таа не била отсекогаш писател. Долги години работела како наставничка, како новинар и во семејната фарма. Првата серија на книги била објавена кога таа имала 65 години.
4. Џулија Чајлд
Иако Џулија ќе остане запаметена како некој кој ја направи француската кујна достапна во Америка и пошироко, таа не знаела да готви до својата 30-та година.
5. Џ. К. Роулинг
Работела како наставничка во Португалија, а својата прва книга ја објавила кога наполнила 30 години.
6. Андреа Бочели
Андреа Бочели се борел да преживее, посебно по една фудбалска повреда која го оставила слеп уште на 12 години. Станал адвокат, но тоа не била неговата вистинска љубов, па секоја вечер ја задоволувал својата страст за музика, свирејќи пијано. Дури во своите 30-ти успеал да стане оној тенор кој е добро познат на целиот свет.
7. Реј Крок
Крок во 50-тите продавал милкшејк машини, но кога влегол во ресторанот на браќата McDonald’s го согледал потенцијалот на, го напуштил своето првобитно работно место и го откупил ресторанот од браќата. Денес неговата компанија е еден од најпознатите брендови во светот.