Одлични трикови: Како да си го олесните секој работен ден?

Секојдневното седење на едно место по 8 часа, посебно по возбудливиот годишен одмор, може да изгледа како досадна рутина од која сакате да избегате, но тоа не мора да биде така.

odlicni-trikovi-kako-da-si-go-olesnite-sekoj-raboten-den-01.jpg

Постојат неколку мали трикови кои може да ве ослободат од рутината:


1. Послужавник со грицки

Солени... слатки или здрави. Не е важно за какви грицки ќе се одлучите, се додека ги ставите во интересен послужавник покрај вашата работна маса. Така тие секогаш ќе бидат на дофат и ќе ви мамат насмевка на лицето, тогаш кога работните часови ви стануваат тешки.


2. Уредна работна маса

Без вишок на листови, а исполнета со драгите предмети и слики, работната маса може да биде уште еден извор на насмевки и подобрување на расположението. На ваквата работна маса доволен ќе ви биде еден поглед за сè да стане многу полесно.


3. Награда за крајот на денот

Ова не важи за секој работен ден, но ако се погоди еден посебно стресен и напорен работен ден, добро е да се наградите за постигнатите цели и завршените работни задачи.


4. Прошетка за време на пауза

Паузите добро е да ги искористите за кратки прошетки кои ќе ви овозможат свеж воздух и ќе ви дадат дополнителна енергија. Така најбрзо и најлесно ќе го намалите штетното влијание на стресот.


5. Разговор со колегите

Никому не штети малку забава во текот на работното време, а што има подобро од разговор со колегите кој не се врзува за работата и кој дополнително ќе ве поврзе како тим.


6. Омилената песна

Музиката има голема моќ за подигнување и подобрување на расположението, па можете да ја искористите по завршените напорни работни задачи за малку одмор на умот и релаксација од стресот.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg