6 грешки кои ги правите на работното место, а не сте ни свесни за нив
Многу е едноставно работните денови да ги направите чиста рутина и често да имате денови кога ви се чини дека траат вечно. Можеби сте навикнати да ги правите работите кои најчесто ги правите на работа, без да сфатите дека можете да бидете подобри.
Звучи познато?
Еве неколку чести грешки кои луѓето ги прават на работа:
1. Избегнувате да барате помош
Вие сте квалификувани за да ја вршите својата работа, а поради тоа и сте вработени па и барањето помош од вашите колеги според вас не е добра идеја. Но, помошта од колегите не прави да изгледате како слабак, туку покажува дека го цените и туѓото мислење и перспективи. Ова е посебно важно ако работите на работи кои се надвор од вашата комфорна зона.
2. Не ги слушате луѓето околу вас
Вам ви се чини како поедноставно да избегнувате да ги слушате луѓето околу вас, но напротив, слушањето е една од најкорисните вештини која можете да ја имате на работното место. Имајте на ум дека туѓата перспектива може да ви се покаже како подобра и пофункционална, па зошто да не ја употребите?
3. Не покажувате благодарност
Можеби ќе ги послушате туѓите совети, но од нив нема да излезе ништо добро. Сепак важно е да покажете дека туѓото мислење вие го вреднувате без разлика на тоа колку било успешно или не. Заблагодарувајте се на сите оние кои се обиделе на ваков или онаков начин да одвојат од своето време и да се обидат да ви помогнат.
4. Избегнувате можности кои не ви се во планот
Понекогаш работите, проектите и можностите ви доаѓаат ненадејно и не се совпаѓаат со вашата визија за иднината, но не бидете толку брзи во нивното отфрлање. Ако слушнете дека некои од колегите имаат потреба од екстра работна рака на некој проект или ако е некоја можност која воопшто не сте ја очекувале – прифате ги. Секогаш постои можноста да научите нешто ново.
5. Чекате да ви кажат што треба да правите
Бидете личност која умее да преземе иницијатива и не се плаши да го направи тоа. Јасно изјаснувајте се кога имате свои идеи кои можат да подобрат некој работен проект или да го забрзаат процесот на извршување на работните активности.
6. Не преземате одговорност за вашиот професионален развој
Без разлика на тоа на каква позиција сте, вие постојано треба да работите на вашиот професионален развој и на социјалните вештини, посебно на доброто комуницирање со луѓето околу вас. Колку повеќе учите толку се поголеми шансите за да ги добиете работите кои ги посакувате и да ги остварите соништата.