4 работи кои треба да ги направите на крајот на работниот ден
Наместо едвај да ја чекате минутата за крај на работното време и веќе во следната да ве снема, колку и да не сакате да се задржите, одвојте барем 10 дополнителни минути со кои многу повеќе ќе си го олесните следниот ден.
Пред да излезете од работното место, постојат неколку работи кои треба да ги направите:
1. Листа
Направете листа на сè она што сте успеале да го направите денес и споредете го со она што сте планирале да го направите. Дали сте задоволни? Колку работи сте пропуштиле? Забележете сè што не сте направиле и ставете го на листа на незавршени обврски.
2. Цели
На крајот на работниот ден поставете си цели за наредниот ден. Ќе ви биде полесно кога наутро ќе седнете на работната маса и ќе знаете точно што треба да направите.
3. Приоритети
Штом ги одредите целите, наредете ги според важност, почнувајќи од оние кои треба веднаш да ги завршите до оние за кои имате доволно време. Секогаш е полесно да се почне од најлесните задачи, но ако прво се ослободите од тешките задачи подобро ќе се чувствувате кога ќе знаете дека се зад вас.
4. Работна маса
Клучот на продуктивноста е организацијата. Затоа, пред да си заминете, средете го креативниот хаос и ќе се чувствувате многу помалку под стрес кога ќе стигнете наутро во канцеларија.