Како од практикант да станете вработен во истата фирма?
Доколку сте невработени или на пракса каде би сакале да останете и подолго од 1 месец, тогаш мора да се покажете во вистинско светло.
Не е доволно само да сакате да останете, туку истото да го покажете и на дело со тоа што ќе се потрудите малку повеќе.
Применете ги следниве совети и бидете уверени дека ќе ја добиете шансата:
1. Бидете први кои доаѓаат и последни кои си заминуваат
Тоа покажува дека се грижите за работата и шефот тоа ќе го забележи.
2. Преземете иницијатива
Ако немате што да правите, најдете нешто. Побарајте сами работа, помогнете некому, покажете се.
3. Следете ги инструкциите
Обрнете внимание на деталите и трипати проверете си го сработеното.
4. Надминете ги очекувањата
Дури и ако ви е доделена тотално неважна работа, направете ја беспрекорно добро.
5. Покажете поголем интерес за напредок
Учете колку што можете. Поставувајте прашања, бидете присутни на состаноците и распоредете си го времето според надредените, за да добиете позитивен одговор за возврат.