Брз трик за позитивен почеток на работниот ден
Ако работите во канцеларија каде секое утро не ви се влегува, шефот уште на врата ве чека со листа на обврски и уште нерасонети го слушате неговиот пискав глас, мора да преземете нешто.
Секој треба барем да го почне денот позитивно, за да може да се справи со остатокот од работното време.
Што и да се случува додека да седнете на работната маса, обидете се да го игнорирате и пред да почнете со што било, одвојте 5 минути за најзабавниот брз трик, кој ќе ве ослободи од цела негативна енергија, ќе се почувствувате задоволно и ќе имате сила да поднесете сè.
1. Вклучете го компјутерот и пронајдете ја иконата на Recycle bin, односно корпата со избришани документи.
2. Ако е полна со различни работи, избришете сè, испразнете ја.
3. Направете нов документ и именувајте го „Шеф“.
4. Сега со десен клик и delete, префрлете го во корпата за отпадоци (Recycle bin).
5. Уште еднаш испразнете ја целосно корпата за отпадоци (Recycle bin).
6. Компјутерот ќе ве праша: Дали сте сигурни дека сакате да го избришете „Шефот“ засекогаш?
7. Слободно одговорете „Да“ и притиснете го копчето Yes.
Се чувствувате подобро?