Надвор сонце, вие во канцеларија! Како да бидете продуктивни?
За време на сончевите денови луѓето сакаат да се забавуваат, па размислуваат за сè друго што би можеле да прават, наместо да го работат она што треба. Токму тоа ја попречува продуктивноста.
Во едно спроведено истражување повеќе од 80 отсто од луѓето изјавиле дека подобро работат кога надвор е лошо времето.
Сепак, не можете секогаш да го предвидите, па мора да најдете начин да ги завршите обврските и кога надвор е сончево и кога умот ви лета.
Проверувајте го она што сте го направиле
Кога концентрацијата не ви е на високо ниво лесно се прават грешки. Откако ќе завршите некоја задача, прегледајте ја уште еднаш и погледнете дали сте направиле некоја грешка или да не сте пропуштиле нешто.
Бидете креативни
Секоја работа има некоја креативна страна. Добро е да се фокусирате на тоа, бидејќи креативноста ве инспирира и ви дава мотивација за да работите.
Обидете се да го приспособите работното време
Ако сте во можност, разговарајте со претпоставените за флексибилно работно време. Објаснете ги причините, поткрепете ги со аргументи и објаснете зошто е тоа добро и за вас, но и за фирмата.
Прифатете ја ситуацијата
Кога ќе забележите дека ви опаднал работниот елан, не се борете против тоа, туку едноставно прифатете ја ситуацијата. Ако се борите против тоа, само залудно ќе ја трошите енергијата.