Изборете се за поголема плата на неколку начини
Бидете мудри, работете попаметно, а не повеќе и сметајте на поголема плата. Преземете едноставни чекори со чија помош ќе го постигнете овој идеал. Најлесен начин да добиете поголем месечен надомест е да го прашате шефот – така јасно ќе ставите до знаење што сакате, а одговорот ќе го дознаете веднаш.
Со барањето за повисока плата, секако треба да кажете и што сте сработиле и кои резултати сте ги постигнале во последните неколку месеци.
За тоа да го постигнете и на дискретен начин да ја постигнете целта треба да примените само 5 чекори:
Специјализирајте се
Станете стручњак во одредена област поврзана со работата или задачите кои ги имате во фирмата. Ќе имате помалку секојдневна работа, бидејќи колегите нема да ви се обраќаат за сè и сешто, туку ќе знаат дека сте експерт во одредена област.
Приспособете се
Размислете како можете да ги приспособите своите вештини и можности на она што е потребно во вашата фирма. Ако повеќе се ценат вработените кои подобро ги владеат компјутерите, наместо оние кои презентираат, соопштуваат, рекламираат...тогаш потрудете се малку повеќе да ги совладате компјутерските вештини.
Вежбајте
Ако подобро ги знаете некои основни вештини во врска со работата и колегите често бараат помош од вас, тогаш размислете да му предложите на шефот помош околу обуката на новите кадри. Со тоа ќе покажете интерес за работата и фирмата, а би требало да добиете и плус поени.
Обезбедете си сертификат
Сертификатот за завршен курс Microsoft, Linux ќе ве позиционира на подобро работно место. Завршете некој курс надвор од работното место и кажете им го тоа на надредените.
Не се откажувајте
Ако на позицијата на која работите нема место за зголемување на платата, не очајувајте. Побарајте преместување на подобро платено место во фирмата. Не се откажувајте од вашата цел, дури и по цена да треба да дадете отказ.