10 реченици кои успешните луѓе не ги кажуваат

Веќе одамна јасно е дека успешните луѓе имаат поинакви навики од оние мрзеливите, но дали сте свесни дека вашите мисли може да го променат начинот на кој живеете?

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-01

Ако не верувате, направете тест во времетраење од 1 седмица. Во тие 7 дена забранети ви се следниве 10 реченици:

1. Невозможно е!

Невозможното никогаш не постои во умот на среќните и успешни луѓе. Барајте милион начини, само за да го остварите својот сон, наместо да барате милион изговори зошто тој е невозможен.

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-02


2. Тоа е надвор од моите моќи!

Многу луѓе мислат дека ќе ги остварат своите животни цели и покрај тоа што други го контролираат нивниот успех. Не смеете да се залажувате! Само вие можете да си го овозможите успехот и никој друг.

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-03


3. Подоцна ќе ја завршам таа обврска!

Луѓето често мислат дека соништата и желбите треба да ги стават на последно место, а први на листата секогаш се обврските. Грешка! Додека да трепнете обврските ќе ве заробат, а желбите ќе ви се чинат сè подалечни. Затоа, единственото време кое постои е сега!

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-04


4. Се плашам од неуспех

Ако никогаш не се обидете да ги остварите своите желби, тогаш веќе сте губитници. А, од тоа се плашите најмногу, нели?

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-05


5. Нема смисла ова што го правам

Ако напорно сте насочени кон една цел, сигурно ќе дојде оној период кога сè ќе ви изгледа бесмислено. Во тие моменти земете лист и пенкало и запишете го она што го добивате, наместо на празно да утврдите дека нешто нема смисла!

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-06


6. Предоцна е...

Никогаш не помислувајте дека е предоцна за да го живеете животот со полни гради. Никогаш не се обесхрабрувајте, времето е само уште еден неважен изговор.

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-07


7. Изморен/а сум

За да ги постигнете своите цели неопходни ви се денови, месеци, години... Да беше сè така лесно, никогаш немаше да уживате во остварувањето на успесите.

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-08


8. Не сакам да работам прекувремено

Ако сакате да бидете успешни, веројатно ќе треба да вложите сè што имате. Ама буквално, до последна капка пот!

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-09


9. Никој нема да ми помогне

Среќните и успешни луѓе не се потпираат на туѓата помош. Тие веруваат во напорна работа, не во сожалување и сочувствување.

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-10


10. Не знам што да правам!

Вистина е, понекогаш не знаете од каде да почнете. Тогаш е времето кога зимате лист и пенкало, удобно се сместувате и започнувате да ги запишувате своите желби.

10-recenici-koi-uspesnite-luge-ne-gi-kazuvaat-11

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg