Имате пријатели на работното место?

Постојат многу причини зошто е добро да имате пријатели во своето работно окружување. Пријатели или барем добри другари се потребни во секој сегмент од животот, па и на работното место.

kolegi-i-prijateli-na-rabotnoto-mesto-01

Секогаш има подобра работна атмосфера и поголеми резултати кога на работното место имате луѓе со кои се разбирате, почитувате, разговарате и се забавувате.

Еве неколку причини зошто е важно да имате пријатели меѓу колегите:

Поминувате многу време на работа

Една од главните причини зошто треба да имате добри пријатели на работа е тоа што таму поминувате многу време. Ако работите полно работно време, вие сте повеќе таму отколку дома, ако не се смета спиењето. Со самото тоа, сигурно би сакале присуство барем на една драга личност  во вашето окружување. Па дури и да работите со скратено работно време, повторно е добро да имате пријателски настроена личност покрај себе. Покрај останатото и времето ќе ви минува многу побрзо.

Некој што ќе ви го чува грбот

Да имате пријатели на работното место значи дека секогаш има кој ви го чува грбот,  ви излегува во пресрет да ви помогне или да ве замени за нешто. Всушност, да имате пријател значи дека имате некој на кој можете да се потпрете.

Работата е позабавна

Дури и оние кои не си ја сакаат работата, доколку имаат пријателско окружување може да им биде забавно. Имате со кој да се насмеете, да поразговарате или да отидете на пауза.

kolegi-i-prijateli-na-rabotnoto-mesto-3

Секогаш од прва рака ќе го дознаете она што сте го пропуштиле

Пријателите секогаш ќе ве известат за она што сте го пропуштиле, без разлика дали станува збор за некој состанок или некоја занимливост во врска со колегиумот.

Доколку се најдете во неволја, ќе ви помогне

Секогаш е добро да имате некој што би се залагал за вас, што ќе ве пофали како човек или колега, ќе ве одбрани доколку дојде до некоја непријатна ситуација. Доколку имате проблем со некој друг колега, пријателот е тука за да посредува меѓу вас и побрзо да го надминете проблемот. Добрите совети се секогаш важни.

Имате партнер за работните прослави

Доколку имате пријател на работното место, не мора да размислувате за тоа со кого ќе одите на некој работно организиран настан или прослава. Забавата после работното време, службените патувања ќе бидат многу позабавни доколку имате пријатели меѓу колегите.

kolegi-i-prijateli-na-rabotnoto-mesto-2

Сигурно има уште многу причини зошто е подобро да имате колеги кои ви се пријатели на работното место. Споделете нешто и од вашето искуство!

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg