8 работи кои мора да ги имате на работната маса
Во текот на работниот ден може да имате голем број обврски. За да се справите со сите нив и да не губите време во барање работи кои ви се потребни, треба добро да си ја опремите работната маса.
Еве како да го направите тоа:
1. Листа на дневни приоритети
За да дојдете до одредена цел потребно е да го одредите патот и да ги одвоите важните од неважните работи. Уште полесно ќе стигнете до таа цел ако листата на приоритети и задачи ја напишете на хартија. Кратко и јасно набројте ги најважните работи кои не смеете да ги пропуштите. Колку помалку приоритети имате толку побрзо и поточно ќе ги завршите.
2. Полнач за телефон
Телефонот може да ви се испразни до крајот на работниот ден, затоа имајте полнач во близина. Нема да ви се одзема вниманието во проверка на батеријата и загриженоста дали ќе ви се исклучи за време на некој важен разговор.
3. Шише со вода
Иако знаеме дека треба да пиеме многу вода, повеќето од нас не го прават тоа. Дехидрираниот мозок не може да мисли брзо и јасно. Затоа имајте на работната маса барем чаша вода, па и да немате навика да пиете, спонтано повремено ќе почувствувате потреба за освежување.
4. Здрава ужина
На работното место често јадеме што ќе стигнеме и тоа е вообичаено брза и нездрава храна. Затоа добро е на работната маса да имате некое овошје или ореви, бадеми, лешници кои се одлично потхранување за мозокот и ќе ви дадат енергија.
5. Хартиени марамчиња
Се случува да истурите нешто, да треба да забришете или да кивнете и да ви биде потребно марамче во истиот момент. Затоа, секогаш имајте едно пакетче хартија при рака на работната маса.
6. Фотографии од драги луѓе
Тоа што блиските не се со вас, не значи дека не треба да помислите на нив. Семејните фотографии или оние со пријателите и домашните миленици ќе ви го направат работниот простор поподнослив и попријатен. Во моменти на незадоволство или нервоза, доволен ќе ви биде погледот на тие фотографии и пријатното чувство на љубов кое ви го даваат.
7. Мастики за џвакање
Ако јадете сендвич со туна или плескавица, тоа ќе го почувствуваат и вашите колеги. На работа имате интеракција со многу луѓе. Па затоа препорачливо е да користите бонбони или мастики за свеж здив кои нема да ве доведат во непријатна ситуација.
8. Козметички средства за лична хигиена
Не е на лошо во некоја фиока од работната маса да имате дезодоранс, течност за прочистување на устата и некој производ за лична хигиена. Сето тоа е добредојдено во случај да треба да одите на некој состанок после работа. Ова особено им е неопходно на жените, но и на мажите кои се грижат за впечатокот кој го оставаат.