Зошто жените кариеристи им се помалку привлечни на мажите?

Статистиката покажува дека жените – кариеристи имаат многу полош љубовен живот од оние кои не се толку многу фокусирани на работата. Зошто е тоа така?

zoshto-zenite-karieristi-im-se-pomalku-privlecni-na-mazite-2

Жените кои напорно работат се постојано под голем стрес и токму поради кортизолот  - хормонот на стрес кој постојано им се лачи се напнати, нервозни, раздразливи и нормално понепривлечни за мажите. Освен тоа, тие воопшто немаат време за излегувања, забава и дружење, што по дефиниција ги прави досадни за мажите.

Спроведеното истражување покажало дека на мажите не им се ниту физички привлечни жени на кои претходно им било утврдено високо ниво на кортизол. Едноставно, тоа се гледа и на нивното лице, а тоа асоцира на лошо здравје.

Несвесната порака која мажите ја добиваат е дека таа жена не е потполно здрава, па можеби и неплодна, а тоа автоматски ја исклучува од „играта.“ Мажите биолошки ги привлекуваат жени кои делуваат здраво и плодно, односно оние кои можат да им остават потомство, објаснуваат научниците.

Исто така, жената кариерист е силна жена по дефиниција, па често во врската се поставува доминантно, а тоа ги одбива повеќето мажи, бидејќи тие природно имаат потреба да ја заштитат својата понежна половина.

Секоја чест на ваквите жени, но понекогаш и тие треба да здивнат и да дозволат некој да направи нешто за нив.

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg