Мисли и потсетници за секојдневна мотивација

Неколку мисли и потсетници кои ќе ви помогнат како да бидете благодарни на секој нов ден. Започнете го со многу позитивни мисли и со голема мотивација.

misli-i-potsetnici-za-sekojdnevna-motivacija-01

Ова се неколкуте најдобри потсетници кои ќе ви помогнат да го остварите тоа.

1. Ова утро се разбудивте! А многумина не... Или голем број од оние кои се разбудија, можеби нема да го преживеат денот. Ова не е нешто што треба да ве депримира, туку да ве потсети колку сте среќни што имате можност да го живеете секој нов ден. Бидете благодарни на секоја шанса во текот на животот, бидете благодарни на вашето семејство и пријателите, ценете го доброто здравје, храната и сè она што ве опкружува и ве прави среќни.

2. Научете да се справите со негативните луѓе кои ќе ве доведат до работ на лудило. Не реагирајте на нивните зборови, ниту пак трошете време да им се одмаздите за негативните зборови или дела. Најдобра одмазда е личниот успех, затоа трудете се да го постигнете што поскоро.

3. Не се споредувајте со останатите околу вас. Дури и ако тоа е случај каде што се тешите дека има многу полоши од вас. Работете на вашата индивидуалност и успехот кој вие самите можете да го постигнете, без да се прашувате како ќе беше ако вие бевте во некоја висока позиција, на која се наоѓа некој ваш познаник.

4. Ако сакате нешто што е огромен ризик, но и огромна награда – искористете ја секоја шанса која ја имате, додека ја имате. Да, неуспехот можеби е горчлив, но пропуштената шанса секогаш е потешка за прифаќање. Ништо не оставајте на случајностите, преземете ги нештата во свои раце, колку и да се чини тешко и комплицирано.

5. Сите добри работи некогаш ќе завршат. Сите ги мразиме краевите на нештата кои не исполнуваат. Пријателите кои долго ги познавате може да се отселат, секојдневните рутини кои веќе ги практикувате со месеци можеби одеднаш ќе завршат, колегите со кои конечно најдовте заеднички интереси можеби ќе ја напуштат работата, но секогаш следува нешто ново и непознато во кое треба да научите да уживате. Прилагодувајте се без ни малку страв.

6. Престанете да судите. Да, полесно е да залепите некаква етикета на нечие чело, отколку вистински да го запознаете. Но, живееме во свет каде што првиот впечаток најчесто е грешен, а прифаќањето на несовршеностите може да направат некој совршен за вас. Запомнете, полот, занимањето, интересите или пријателите не се нешта според кои треба да ги проценување луѓето.

7. Ако правите нешто што вас ве прави несреќни, за сметка на туѓата среќа, веднаш престанете. Не го поминувајте животот без насмевка на лицето, само заради задоволството на некој друг.

misli-i-potsetnici-za-sekojdnevna-motivacija-1

8. Во никој случај не можете да напредувате на работно место кое го презирате. Можеби ќе ви треба повеќе штедење додека го добиете работното место кое одамна го посакувате, но на крајот ќе вреди. Мизерно е да се уназадите само заради сметките кои имате да ги платите или заради чувството дека нешто нема да ви успее. Првиот чекор е секогаш најтежок, но секогаш издржете го и не се откажувајте.

9. Користете ги зборовите, не ги штедете! Прашувајте, разговарајте, одговарајте. Комуникацијата е многу подобра отколку да се обидувате да прочитате што некој крие во главата.

10. Живејте со средствата со кои располагате. Завршете ги неопходните обврски, платете ги сите долгови, па потоа почестете се. Така ќе ги намалите стресните ситуации во кои ненамерно можете да се доведете.

11. Врз некои проблеми ќе имате контрола, но врз некои не. Идентификувајте го проблемот пред да започнете со неговото решавање. Но, кога сте сосема немоќни, скратете си ги нервозите и препуштете се на текот на настаните. Борете се за она што можете, но не се оптоварувајте со она што е надвор од вашите моќи.

Би можело да ве интересира:

Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално Проверувајте ја пораката за печатни грешки и немојте да користите мејл со шегови...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg