Бон-тон правила за пишување мејл со кои ќе делувате професионално
Нема потреба да одговарате кога некој ќе ви напише благодарам
Обично кога некој ќе напише „благодарам“, тоа значи дека комуникацијата е завршена.
Па, нема потреба да праќате уште еден мејл со „нема проблем“ или нешто слично.
Внимавајте со емотикони и извичници
Во професионалните мејлови најдобро избегнувајте ги емотиконите бидејќи можат да бидат протолкувани погрешно.
Исто така, избегнувајте и многу извичници кои можат да делуваат агресивно.
Не ги игнорирајте мејловите со денови
Кога некој го очекува вашиот одговор, најдобро е да одговорите во рок од 24, најмногу 48 часа (доколку е викенд).
Непрофесионално е да ги оставате луѓето да го чекаат вашиот мејл со денови, па и недели.
Ставете автоматски одговор кога отсуствувате од работа
Ако сте отсутни од работа подолг период, без разлика дали поради годишен одмор, боледување или нешто друго, добро би било да активирате автоматски договор на мејлот.
На овој начин, доколку некој ве контактира, веднаш ќе биде извесен дека сте отсутни, па ќе знае да побара некој ваш колега.
Не праќајте навредливи мејлови
Ако напишете нешто неучтиво или навредливо што не би му го кажале на соговорникот во лице, тогаш воопшто не го праќајте мејлот.
Секогаш бидете учтиви, коректни и професионални, дури и ако се расправате за нешто преку мејл.
Спирова С. | Црнобело