Имала 105kg и била на прагот да добие дијабетес – денес е бодибидерка: „Ослабев 50kg, се чувствувам 10 години помладо“

„Успеав да го променам сопствениот живот на подобро - и други жени може да го направат тоа“ – вели Џоди Маркарт која успеала да загуби над 50kg во 4 години и да почне да се натпреварува во бодибилдинг натпревари.

zagubila-50-kg-vo-4-godini-za-da-stane-bodibilderka-se-chuvstvuvam-10-godini-pomlado-01.jpg

Џоди Маркарт (46) раскажува дека пред 4 години имала дури 105,2 kg и била на прагот да добие дијабетес тип 2, а тоа ја мотивирало да почне да води поздрав начин на живот, да почне да вежба и да се откаже од брзата храна.

zagubila-50-kg-vo-4-godini-za-da-stane-bodibilderka-se-chuvstvuvam-10-godini-pomlado-02.jpg.jpg

Оваа жена од Австралија која работи како финансиски советник почнала со секојдневно пешачење, а потоа почнала да се занимава и со потешки вежби.

Вели дека по операцијата за намалување на градите и за отстранување на вишокот кожа во 2019-та година таа почнала да се чувствува посамоуверено од кога било.

„Никогаш во мојот живот и не помислував дека ќе учествувам на натпревар за бодибилдинг.

Но, откако успеав да ја постигнам сопствената цел да тежам 70 kg во девет месеци со здрава исхрана, секојдневно пешачење и вежбање во теретана решив да одам чекор понапред.

Луѓето велат дека заради трансформацијата изгледам 10 години помладо, но уште поважно, и јас се чувствувам 10 години помладо. Имам многу повеќе енергија“ – раскажува Џоди.

zagubila-50-kg-vo-4-godini-za-da-stane-bodibilderka-se-chuvstvuvam-10-godini-pomlado-05.jpg

Таа вели дека во периодот пред да почне да слабее ѝ се случувало да јаде салата кога е излезена, а потоа кога никој не ја гледа да земе брза храна и чоколада.

Сепак, одлучила постепено да ги отфрла лошите навики во животот и на тој начин да ја подобри сопствената здравствена состојба:

„Наместо секој ден да јадам брза храна, почнав тоа да го правам само два дена во неделата, додека не стасав до денови без брза храна.

Почнав да пешачам секој ден, прво по 2km, а се враќав дома препотена. Знаев дека патот до подобра здравствена состојба ќе биде тежок, но бев решена да го направам тоа“ – вели Џоди.

zagubila-50-kg-vo-4-godini-za-da-stane-bodibilderka-se-chuvstvuvam-10-godini-pomlado-09.jpg

Во 2019-та за првпат го видела повикот за учество во бодибилдинг натпревари, а следната 2020-та одлучила да вежба понапорно и да се вклучи во натпреварите.

„Неверојатно е колку подвижно се чувствувам без градите и стомакот. Полесно ми е да направам некои мали работи, како на пример, да ги врзам врвките на чевлите.

Се радувам што можам да се движам слободно и удобно ми е во сопствената кожа“ – вели таа.

zagubila-50-kg-vo-4-godini-za-da-stane-bodibilderka-se-chuvstvuvam-10-godini-pomlado-10.jpg

Иако не успеала да освои титула на натпреварот, сепак е горда на себеси за трансформацијата што ја направила и затоа што успеала да го промени мислењето за себеси.

„Од 42 до 46 години успеав да го променам сопствениот живот на подобро, верувам дека и други жени можат да го направат истото“ – вели таа.

zagubila-50-kg-vo-4-godini-za-da-stane-bodibilderka-se-chuvstvuvam-10-godini-pomlado-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg