Фит Македонка со фотка од трансформација доби коментари „Јас мислев дека ти природно и генетски си 'слабичка' и фит“

„Генетиката има улога да - ама не нè дефинира засекогаш и ДА - некој треба повеќе да се потруди од друг ама можеш да постигнеш сѐ што ќе си замислиш со многу труд и работа. Еве земете ме мене за пример. Може градите не можам да ги пораснам ама затоа можам многу други работи да направам...“, открива Стефанија Несторовска.

fit-makedonka-so-fotka-od-transformacija-dobi-komentari-jas-mislev-deka-ti-prirodno-i-genetski-si-slabichka-i-fit-01.jpg

Стефанија Несторовска е фит девојка од Македонија која на својот Инстаграм профил има повеќе од 23.000 следбеници и постојано промовира здрав начин на исхрана, балансирани навики и фитнес.

Но, таа ги изненади свои следбеници кога со стара фотографија на Инстаграм Стори им прикажа дека не била отсекогаш така фит и дека имала стомаче.

По ова добила бурни реакции, па одлучила истата фото-споредба да ја објави и како пост.

Во описот напиша:

„Ја постирав оваа моја лична трансформација пред некое време на Стори и ОМГ - фидбекот беше неверојатен. Ви благодарам на сите за убавите зборови. Многу од вас беа WOW, јас мислев дека ти природно и генетски си ‘слабичка’ и фит.

Ахххх... доброто старо - ОНА ГЕНЕТСКИ Е ТАКВА - Мене ми е само изговор за некој што не ни пробал да промени нешто... знам дека звучи грубо ама така е. Генетиката има улога да - ама не не дефинира засекогаш и ДА - некој треба повеќе да се потруди од друг ама можеш да постигнеш сѐ што ќе си замислиш со многу труд и работа.

Еве земете ме мене за пример. Може градите не можам да ги пораснам ама затоа можам многу други работи да направам.

Сакав да ја оставам и тука за секој што му треба малку инспирација или мотивација, а богами и за себе - зошто стварно сум горда на целиот труд вложен во себе.

Сите сакаат да ја знаат ТАЈНАТА и магичниот трик што ме доведе од слика 1 во слика 2. Јас ќе ви скратам на губење време во барање на тоа и ќе ви кажам само ТАКВО НЕШТО НЕ ПОСТОИ.

Вежбање + храна + дисциплина + трпеливост = РЕЗУЛТАТИ. Тоа е тоа... некако како да сакаме сѐ да искомплицираме, па бараме нешто повеќе, нешто различно, нешто ‘скриено’. Дечки, СТВАРНО нема... Jас изгубив години и години додека сфатам дека е едноставно како што звучи.

Имам многу да зборувам на оваа тема ама ќе го оставам за некој нареден пат. До тогаш само ќе ви кажам дека физичката трансформација е само мал БОНУС во мојава ситуација. Целата промена ми дојде од внатре. Клише е - знам ама не може да биде поточно.

Самодовербата, љубовта кон себе и своето тело, дисциплината, КОЛКУ јака и силна се осеќам, работите што можам да ги направам со сопственото тело и колку удобно се чувствувам во сопствена кожа е неспоредливо со сѐ друго.

Муабетов дефинитивно го продолжуваме во наредна прилика, па затоа доколку имате некои прашања СЛОБОДНО пишете ми во коментар. Тука сум да помогнам на овој или оној начин.

Многу ве сакам и ви благодарам уште еднаш за целата подршка и убави зборови“.

Трансформацијата на Стефанија:

На следната страна нови фотки од Стефанија...



Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
Фитнес инфлуенсерка покажува како навистина изгледа кога не позира и не ги уредува фотките Подуен стомак и мускули кои не се секогаш дефинирани – фитнес инфлуенсерка споде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg