Најчестите грешки при вежбање што би требало да ги избегнувате

Склекови

Склековите не се лесни за изведување, па има многу простор за грешки.

- Легнете на стомак и поставете ги дланките покрај градите.

- Подигнете го целото тело од подот, со помош на вашите раце.

- Грбот постојано држете го исправен, стегнете го стомакот и внимавајте да не ги свиткате нозете.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-05.jpg

Планк

Неправилното држење на оваа положба само ја намалува нејзината ефикасност.

- Грбот постојано треба да ви биде исправен.

- Додека сте во планк положба, треба да гледате надолу, така што вратот и главата ќе бидат во линија со ’рбетот.

- На подот потпирајте се на лактите, но притоа стегнете ги стомачните и мускулите на задникот.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-06.jpg

Кревање тегови

Ако го искривите грбот додека ја правите оваа вежба, можете да си предизвикате болка.

- Пред да почнете со вежбата, малку свиткајте ги колената.

- Во текот на целата вежба, држете го грбот исправен.

- Кревајте ги теговите кон вашите гради.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-07.jpg

Удари со нога

Неправилната положба значително ја намалува ефикасноста на оваа вежба.

- Грбот и вратот треба да бидат опуштени, но стомачните мускули стегнати.

- Свиткајте го коленото под прав агол, а потоа постепено кревајте ја ногата нагоре.

- Откако ќе ја кренете ногата, задникот и ’рбетот треба да бидат во иста линија.

- Додека ви е крената ногата, стегнете ги и мускулите на задникот.

najchestite-greshki-pri-vezhbanje-shto-bi-trebalo-da-gi-izbegnuvate-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg