Најчестите грешки при вежбање што би требало да ги избегнувате
Ако не ги изведувате вежбите правилно, ќе ви биде потребно многу повеќе време за да ја постигнете посакуваната цел.
Кога вежбаме дома, немаме тренер кој ќе ни ги посочи грешките, а проблемот е што станува збор за навистина мали грешки, што сами не би ги воочиле.
А, овие грешки не само што ја намалуваат ефикасноста на вежбите, туку можат да предизвикаат и повреда.
Затоа, погледнете кои се најчестите грешки и како да ги избегнете:
Исчекорување
Навидум оваа вежба е едноставна, но многу е лесно да погрешите. За да ја изведите правилно, не заборавајте ги овие правила:
- Кога исчекорувате со едната нога, осигурете се дека ќе ја поставите под прав агол.
- Осигурете се дека предното колено не ви е поставено понапред од прстите на нозете.
- Задното колено треба да биде паралелно со земјата, а не да ја допира.
- Грбот секогаш треба да ви биде исправен.
Мост со една нога
Бидејќи за оваа вежба треба да држите и рамнотежа, многу е лесно да застанете во погрешна положба.
- Кога ќе легнете на земјата, колената треба да бидат поставени во ширина на колковите.
- Кога ја кревате едната нога, држете ја исправена и стегнете го задникот.
- Ногата што е на подот треба да биде свиткана под агол од 90 степени.
Чучнувања
Ова е одлична вежба, но ако ја правите погрешно, може да си предизвикате болка во грбот.
- Во текот на вежбата, грбот треба постојано да ви биде исправен. Истовремено, распоредете ја тежината на вашите пети.
- Кога клекнувате, колената не треба да бидат пред прстите од стапалата.
- Кога ќе клекнете, спуштете ги колковите пониско од колената.