Дознајте нешто повеќе за 8-те гранки на јогата
Нијама
Нијамата е чекор кој се однесува на набљудувањето. Овде спаѓа вежбањето самодисциплина и е еден вид надополнување на моралните и етичките правила на Јама. Нијама се состои од пет елементи.
- Сауча, или прочистување: Ова се однесува на прочистување на умот, телото и духот. Тука спаѓа надворешното, како и внатрешното прочистување, коешто може да се постигне со чита атмосфера и опкружување. Внатрешното прочистување значи отстранување на токсините од телото практикувајќи асани, пранајама и слично. Овде спаѓаат и чистата и свежа храна, чистото опкружување и слично. Гневот, омразата и алчноста се сметаат за основна причина за нечистота.
- Сантоша или задоволство: Оваа дисциплина се однесува на задоволството, односно да бидете целосно задоволни од она што го имате во животот. Сантоша значи да бидете слободни од непотребните страдања и желби. Ве учи да бидете благодарни за она што го имате.
- Тапас, или аскетизам: Тапас се однесува на самодисциплината и волјата. Ве учи како можете да го задржите задоволството со силна волја и самодисциплина. Тапас бара практикување надвор од удобната зона.
- Свадјаја, или самопроучување: Свадјаја го поттикнува проучувањето на себеси. Воглавно се изведува со помош на медитации и асани. Целта е да се проучат сите свесни и несвесни постапки. На овој начин ќе научите за вашите недостатоци и ќе станете подобра личност.
- Ишвара пранидана, или предавање на божественото: Ова е последната нијама и учи за посветувањето и предавањето на универзумот или божественото. Дисциплината ве учи да бидете поотворени и поврзани.
Асана, или вежби
Асана се однесува на телесните јога вежби. Како една од 8-те грани на јогата, асаната ги подготвува умот и телото за медитација.
Пранајама, или контролирање на дишењето
Дишењето е процес што можете да го правите свесно и несвесно. Во пранајама, потребно е свесно да го контролирате вашето дишење. На овој начин ќе ги релаксирате телото и умот и ќе се подготвите за асана и медитација.
Пратјахара, или повлекување на сетилата
Со пратјахара, можете свесно да ги отстраните сите надворешни стимули, така што ќе ја зголемите внатрешната свесност и ќе гледате над нештата. Ова помага во одржувањето на фокусот и концентрацијата. Пратјахара се смета за врската помеѓу внатрешниот и надворешниот аспект на јогата.
Дарана или концентрацијата
Дарана најчесто се практикува со концентрација на одреден предмет. Оваа гранка го тренира умот да биде тивок, стабилен и фокусиран.
Дјана, или медитација
Дјана се однесува на медитацијата. Ова е состојба во која личноста е свесна, но без намерен фокус.
Самади, или суперсвесност
Самади е последната гранка во јогата и се однесува на екстазата. Најчесто се смета како обединување со божественото. Во Самади, личноста е во состојба на длабока медитација. Во оваа фаза, личноста е ослободена од секој вид илузија и има повисоко ниво на свесност.
Спирова С. | Црнобело