Трикови за оние кои мразат класично вежбање, а сакаат да се одржуваат во форма

Во време кога теретаните се многу популарни и во нив може да се сретнат и вежбачи и невежбачи, има и такво кои не сакаат по никоја цена да стапнат таму.

trikovi-za-onie-koi-mrazat-klasichno-vezhbanje-a-sakaat-da-se-odrzhuvaat-vo-forma-01.jpg

Многумина мразат класично вежбање во теретана или пак спортување, но сепак физичката активност е единствениот начин да се остане во форма.

Па, за да успеете во тоа без да посетувате теретани и спортски сали, ќе ви бидат потребни неколку трикови.

Како да го направите „вежбањето“ помалку иритантно:

Омилена активност на навистина активен начин

Ако не сте спортски тип, веројатно и вашето хоби не е поврзано со спортот. Но, на пример ако сте љубител на цртање, сликање, читање во природа и слично, правете го тоа на места кои се потешко достапни и до кои ќе мора да пропешачите, наместо да бирате рамни паркови.

trikovi-za-onie-koi-mrazat-klasichno-vezhbanje-a-sakaat-da-se-odrzhuvaat-vo-forma-02.jpg

Одете почесто на забави

Забави дома, во ноќни клубови, или на музички фестивали каде што се танцува многу се идеални за одржување на формата и активноста на телото, без да почувствувате.

trikovi-za-onie-koi-mrazat-klasichno-vezhbanje-a-sakaat-da-se-odrzhuvaat-vo-forma-03.jpg

Вметнете активност во секојдневната рутина

На пример, ако одите до работа со автобус, почнете да се симнувате една или неколку станици порано, па пешачете до работното место, а можете и да одберете опција велосипед или целосно да одите пешки ако постои можност.

trikovi-za-onie-koi-mrazat-klasichno-vezhbanje-a-sakaat-da-se-odrzhuvaat-vo-forma-04.jpg

Паузата на работа користете ја за движење

Кога одите до тоалет, искористете малку да се истегнете, па дури и да направите 10 чучнувања.

Додека чекате кафето или водата да зоврие, направете неколку вежби за истегнување на телото пред повторно да седнете.

Ако имате малку подолга пауза, не седете на столче и телефон, излезете и прошетајте дури и ако не мора да одите некаде посебно.

trikovi-za-onie-koi-mrazat-klasichno-vezhbanje-a-sakaat-da-se-odrzhuvaat-vo-forma-05.jpg

Вратете се на активностите од детството

Обидете се да се сетите колку задоволство ви причинуваа детските игри во природа – качување по дрвја, играње фудбал со друштво и слични активности.

Независно дали ќе се качувате повторно по дрвја како дете, или ќе одите на вештачка карпа која е модерна верзија за возрасни на тоа – изборот е голем, искористете ги активностите.

trikovi-za-onie-koi-mrazat-klasichno-vezhbanje-a-sakaat-da-se-odrzhuvaat-vo-forma-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg