Пиво и кикирики - идеална комбинација после вежбање
Водите здрав начин на живот, ама понекогаш сакате да се освежите со чаша студено пиво, или, пак, да грицнете малку пржени кикирики? Сега тоа и официјално е дозволено од страна на научниците.
Научникот и физиолог, Роналд Моган, направи сензационално истражување, со кое се потврдува дека не само што пивото и кикириките не му штетат на организмот, туку се и идеални производи за рехидратација и опоравување по вежбањето.
Факт е дека во текот на спортските активности губиме многу течност, а таа е содржана во пивото. За раст на мускулите, пак, мора да внесеме натриум и калиум во телото - овие витамини се наоѓаат во пржените кикирики. Звучи супер, нели?
За закрепнување после тренингот, научниците истакнуваат дека доволно е да испиете пола литар пиво и изедете од 100 до 200 грама кикирики. Дополнително, нутриционистите препорачуваат дека светлото пиво е дури и подобро од минералната вода, за враќање на рамнотежата на водата во организмот.
Од друга страна, предупредуваат и дека пивото е сепак алкохолен пијалак, којшто го забавува метаболизмот. Кога се кикириките во прашање, најважно е да не бидат премногу солени, бидејќи солта ги задржува течностите во организмот, што, пак, предизвикува зголемување на телесната тежина и надуеност.
Науката докажа – пивото и кикириките се идеална комбинација после вежбање.
На здравје!
М. А. | Црнобело