Минус 84 килограми: Колку вишок кожа останува по строгите диети?
Кајла Батчер некогаш тежела 181 килограм. Имала вишок килограми од својата 8-ма година, бидејќи како што самата вели, била растена со 5 браќа и сестри во „токсичен дом“.
„Никогаш немавме граници што може да јадеме како мали,“ вели Кајла.
Во изминатата година, Кајла намалила 84 килограми. Иако е неверојатно горда на прогресот кој го остварила, сега на себе носи оклоп од вишок кожа.
„Сè е опуштено, збрчкано и виснато,“ вели 24-годишната девојка од Канада која има барем 9 килограми вишок кожа на себе.
Отстранувањето вишок кожа од стомакот би ја чинело околу 7.000 долари, а целото тело околу 20.000 долари, вклучувајќи ги рацете, нозете и градите.
Додека тоа не се случи, Кајла нема проблем да биде Инстаграм сензација за сметка на искреноста - Како изгледа телото по драстичните диети?
М. Д. | Црнобело