Кое е најдоброто време во денот за вежбање?
Истражувањата покажуваат дека вежбањето навечер му овозможува помалку оптимален тренинг на вашето тело. Последното истражување спроведено од страна на експерти за метаболизам и професори по медицина во САД вклучува проучување на мускулните ткива кај глувците.
Тие дошле до откритие дека глодарите имаат деноноќни „часовници“ во мускулните ткива, кои ги контролираат метаболичките реакции и енергијата во организмот, врз основа на времето од денот.
Конечниот резултат тврди дека мускулните клетки се поефикасни во периодот по станувањето од спиење, во временска рамка од неколку часови.
Глувчињата, кои инаку се ноќни суштества, биле ставени на специјални тркала за вежбање веднаш по будењето на дневна светлина, а научниците забележале дека нивните мускули биле поефикасни кон приспособување на движењето, користејќи го кислородот како енергија и „горивото“ кое треба да се потроши како шеќери и масти.
За разлика од ова лесното вежбање, во текот на ноќта пак, мускулите на глувците ги активирале гените кои им помагаат да се адаптираат на вежбањето.
Бидејќи луѓето ги имаат истите гени, истражувачите веруваат дека луѓето остваруваат подобри резултати во вежбањето во текот на утринските часови, кога сме биолошки програмирани да бидеме најтрезвени и будни, односно вежбањето се остварува со помал напор, доаѓа поприродно и носи поголеми резултати.
(О)Милена | Црнобело