Храбра мајка покажа што навистина значи да изгубите 40 килограми после две деца

Уште од самиот почеток, Рејчел Греам го направила својот Инстаграм профил во 2015-та година за да го документира секој момент и секој дел од процесот на губење на килограмите после двете деца.

hrabra-majka-pokaza-shto-navistina-znaci-da-izgubite-40-kilogrami-posle-dve-deca-01.jpg

Имала цел да изгуби 40 килограми, што навистина не е лесна, ниту пак едноставна работа.

Денес конечно пристигнала до нејзината цел да ги изгуби сите килограми кои ги добила по двете деца, но не без последици.

Со една Инстаграм објава покажа со што се соочуваат сите оние кои губат голем број на килограми - вишок на кожа.

Таа објаснува дека сите очекуваат дека откако ги изгубила килограмите, се ослободила и од вишокот на кожа и сите стрии кои се појавуваат по растегнувањето на кожата, но тоа може да го постигнете само со операција.

„Не, не ги изгубив вишокот кожа и стрии. Тука се. Долната облека која ме затега и оди високо над мојот струк сега ми е најдобар пријател. Дали се каам што ја изгубил таа тежина? Не. Никогаш. Во форма сум повеќе отколку што некогаш сум била во животот. Ќе лажам ако кажам дека сега имам пониска самодоверба заради вишокот кожа, но нема ни да дозволам да се опседнам со неа.“ - напишала таа на нејзината објава.

 

The anxiety posting this is REAL. Taken a few minutes apart, flexing in the first. "How did you avoid loose skin and stretch marks?" Heyyyyy, I didn't! Its all there. High waisted bottoms have become my bff. Do I regret losing weight? Hellllll noooooo. NEVER. Not even a slightest thought. I am more FIT than I've ever been in my entire life. Happier. HEALTHIER. I'd be lying if I said my loose skin wasn't an insecurity of mine.. But I refuse to let it consume me. It doesn't hold me back like the weight used to. This stomach has grown two beautiful boys.. Has been through a 90lb+ gain and loss (100lb+ lost from my highest weight while pregnant!) Will you have loose skin after losing weight? I can't answer that for you, everyBODY is different. Will it be worth it, regardless? YES. Also for those who have asked.. I do plan to have surgery some day, but in the mean time I'm just working on self loooovvveeee. BE KINDDDD, I delete negativity ???? (No itworks, creams, lotions, yada yada) #nofilter #stretchmarks

A photo posted by My Weightloss Journey! (@losinggravity) on

Многу често, оние споредби на пред и потоа фотографии од слабеење, не ја прикажуваат целата слика.

Но, на крајот, важно е како вие се чувствувате во својата кожа и храбро да ги прифатите сите свои маани.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg