10 утрински вежби кои ќе ви помогнат да бидете здрави и полни со енергија
Вежбањето рано наутро е одличен начин да го започнете денот. Но, ако немате многу време постојат едноставни вежби кои одземаат малку време, а имаат значителен ефект врз вашето здравје.
Оваа група на вежби, познати и уште како магични вежби, комбинира јога движења и чигонг кои ќе ви помогнат да го разбудите телото и да го почнете денот со позитивна енергија.
1. Раширете ги нозете во ширина на рамениците, испружете ги рацете малку настрана и започнете да го ротирате телото притоа задржувајќи го рбетот исправен. Постепено заголемувајте ја брзината.
2. Застанете на левата нога а десната, свиткана во коленото, кренете ја нагоре колку што можете, исправајќи ги прстите кон вас. Испружете ја десната рака пред вас, благо свиткана во лактот. Левата рака нека ви остане пуштена покрај телото, со опуштени дланки на двете раце како да држите топки. Затворете ги очите и пробајте да одржите рамнотежа. Повторувајте 3-5 пати.
3. Седнете на подот. Повлечете ги нозете кон вас, опфаќајќи ги со двете раце. Свиткајте го грбот колку што можете и тркалајте се напред - назад.
4. Легнете на грб. Ставете ја левата рака на десното рамо и десната рака на левото рамо. Свиткајте го грбот колку што можете и кревајте го и спуштајте го торзото за да допре до подот.
5. Легнете на грб и прекрстрете ги прстите истегнувајќи ги рацете над главата колку што можете. Прстите на нозете овојпат покажуваат нанадвор, а не кон вас.
6. Легнете на подот и подигнете ги нозете кон таванот. Ставајќи ги рацете на колковите како потпора останете во оваа положба 30 секунди. Важно: мускулите на вратот треба да бидат опуштени.
7. Легнете на стомак. Потпирајќи се на лактите и со дланки поставени на подот полека исправете го торзото и застанете во таа положба. Вдишете и издишете длабоко. Од оваа положба кренете се на дланките и свиткајте го уште повеќе грбот. Повторете ја постапката по обратен редослед за да се вратите во првобитната положба.
8. По виткањето на грбот многу важно е да го истегнете и опуштите. Клекнете на колена и наведнете се нанапред и испружувајќи ги рацете колку што можете повеќе.
9. Седнете на подот со десната нога испружена пред вас. Левата нога префрлате ја преку десната допирајќи го подот со целото стапало. Свртете го торзото на спротивната страна така што десната рака ќе притиска на подот, а левата на коленото. Повторете ја вежбата и на другата страна. Внимавајте, главата треба да биде свртена во насока на торзото.
10. Раширете ги нозете и исправете ги рацете на страна, така што ќе формираат агол од 90 степени со телото. Држејќи го рбетот исправен и без да ја смените позицијата на рацете свиткајте се на левата страна и останете неколку секунди така. Вратете се во почетната положба и наведнете се кон десно и задржете. Потоа наведнете се нанапред и со левата рака допрете го десното стапало следејќи го движењето со поглед. Повторете ја постапката со другата рака.
М. С. | Црнобело