73-годишната бабичка која се занимава со бодибилдинг и со гордост носи бикини (фото)
Џенис Лорин, која има 73 години, открива како почнала да се занимава со бодибилдинг кога наполнила 55 години, водејќи се од желбата дека не сака да стане „стара и болежлива“ како многу нејзини врсници.
Со своите 73 години таа сигурно е најстариот бодибилдер во Австралија, а можеби и во светот.
Како пензиониран психолог, од Квинбејан, Нов Јужен Велс, таа започнала со бодибилдинг на 55, кога почувствувала дека и треба нов предизвик во животот.
А, во својот избор на нов живот таа е поддржана и од нејзиниот 49-годишен дечко, Дејвид Кендал, со кого се заедно во последните 25 години.
„Кога сте млади, постојано брзате некаде. Но кога ќе остарите, веќе го немате тоа чувство“ – раскажува таа.
„Пензионирањето може да биде многу деструктивно. И ако не ја смените сликата во главата за 75-годишна стара и болежлива личност, токму тоа и ќе станете.“
После 15 месеци вежбање во локалната теретана таа учествувала на натпревар во Сиднеј.
„Кога учествувам на натпревари во Австралија и странство луѓето се зачудени што гледаат жена постара од 50 години во бикини. Мислам дека моето занимавање со бодибилдинг е одлична порака за сите луѓе.“ – објаснува оваа храбра бабичка која со својата цврста волја и желба за живот ги руши стереотипите за тоа како треба да изгледаат и што треба да прават луѓето после пензионирањето.
М. С. | Црнобело