5 вежби по 1 минута за затегнато тело
Сите знаеме дека брзото темпо на живот и многубројните обврски ни оставаат малку слободно време кое можеме да си го посветиме себеси и на работите кои би направиле да се чувствуваме подобро и пред сè, би ни помогнале во одржувањето на здравјето.
За сите оние кои немаат толку многу време за да се посветат на вежбање, ви нудиме вежби кои не само што можете да ги правите дома, туку ќе ви одземат само 5 минути.
Сè што ви е потребно се два мали тегови и желба, се разбира.
1. Раширете ги нозете за истите да дојдат во положба паралелна со рамената. Покрај секое стапало поставете по еден тег. Наведете се и земете ги теговите, водејќи сметка колената да ви бидат во линија со стапалата и да не одат понапред од нив. Од долу ги кревате теговите до колковите, до рамената па над главата со дланките свртени нагоре.
Повторувајте ја вежбата 60 секунди без пауза.
2. Раширете ги повторно нозете додека да дојдат во положба паралелна со рамената, држејќи по еден тег во секоја рака. Направете еден поголем чекор кон десната страна, наведнете се надолу се додека десното колено не формира прав агол. Левата нога останува права. Левата рака ја свиткувате во лактот, додека левата останува исправена.
Повторувајте ја вежбата 60 секунди, односно по 30 секунди за секоја страна.
3. Застанете со нозете во ширина на рамената така што стапалата ќе ви бидат благо отворени кон надвор. Земете по еден тег во двете раце и испружете ги пред вас така што ќе формираат прав агол со телото, со дланките нагоре. Започнете да се наведнувате истовремено свиткувајќи ги рацете и носејќи ги теговите кон рамената, внимавајќи колената да останат паралелни со стапалата и да не одат понапред од нив.
Повторувајте ја вежбата 60 секунди.
4. Наместете се во положба за склекови, така што дланките ќе ви бидат паралелни со рамената а телото исправено. Направете еден склек, а потоа внимателно кренете ја левата рака и испужете ја странично. Одржувајќи рамнотежа подигнете ја десната нога нагоре. Спуштете ги раката и ногата во првобитната положба и направете уште еден склек по што ќе ја повторите истата постапка но овој пат со спротивната рака и нога.
Повторувајте ја вежбата 60 секунди наизменично менувајќи ги раката и ногата.
5. Раширете ги нозете така што истите ќе бидат паралелни со вашите колкови, држејќи по еден тег во секоја рака, така што рацете се свиткани во лактите и се во близина на градниот кош.
Започнете полека да се наведнувате нанапред без да ги мрдате колковите, така што левата нога ја подигнувате наназад, внимателно испружувајќи ги рацете покрај телото се додека целосно не се исправат.
Повторувајте ја вежбата 60 секунди, односно по 30 секунди со секоја нога.
М. С. | Црнобело