„Секој може да трча“: Фитнес списание има плус сајз модел на насловна
Августовското издание на списанието „Women’s Running“ на својата насловна има прикажано девојка која трча и не е слаба.
Самиот факт дека плус сајз модел се наоѓа на насловната страна на списание со фитнес тематика добива прилично голема бука околу себе, бидејќи е прилично ретка појава.
Станува збор за плус сајз моделот Ерика Шенк.
„Постои стереотип дека оние кои трчаат се слаби, што во реалност не е вистина“ – вели Џесика Себор која е уредник на ова списание.
„Оние кои трчаат може да имаат различна големина, висина, форма и изглед. Можете да ги погледнете оние кои трчаат на било кој маратон и важно е тоа да се потенцира“ – додава таа.
„Мислам дека секоја жена треба да може да го купи списанието и да може да се замисли себеси на насловната“ – објаснува Себор.
Токму затоа оваа насловна доби многу позитивни реакции.
„Некои жени веруваат, дека само затоа што имаат облини не можат да трчаат“ – вели Шенк.
Но, реалноста е дека личноста која сака да трча не мора да има одреден тип на тело.
Оваа насловна е чекор напред во рушење на митовите околу трчањето.
Секој може да трча!