Како да ја негувате кожата по тренингот?

Свесни дека сме направиле нешто добро за нашето тело и здравје, после вежбањето се чувствуваме исполнети со позитивна енергија, но изгледот на лицето и кожата кажува нешто друго...

posle-vezbanjeto-zadolzitelno-neguvajte-ja-kozata-na-liceto-1

Обрнете внимание на кожата после вежбањето бидејќи потта и прашините ја уништуваат нејзината сјајност и мекост.

Следете ги овие 3 чекори и ќе изгледате свежо и убаво однадвор, исто како и однатре:

1. Темелно чистење на кожата

Влажните марамици за отстранување шминка ќе ви бидат од голема помош за темелно чистење на кожата. Чистењето е важно за да ги отстраните токсините кои ги затвораат порите на кожата и создаваат бактериски инфекции. Можете да побарате производ кој содржи салицилна киселина за да ја спречите појавата на акни.

2. Вратете ја влагата

Ако го чистите лицето пред и по вежбањето, тогаш вашата кожа е лишена од влажноста. Употребувајте мала количина на хидратната крема и внимавајте да не ја користите вашата секојдневна крема која може да предизвика изглед на масна кожа.

3. Нагласете го сјајот

После вежбањето вашата кожа блеснува во полн сјај. Поентата е да го контролирате тој природен сјај, а во тоа може да ви помогне ББ кремата со заштитен фактор. Откако ќе ја нанесете кремата, ставете малку минерална пудра во прав за да ја отстраните маснотијата која се собрала на лицето.

Би можело да ве интересира:

Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg