Една година по раѓањето на ќерката, станала шампион во бодибилдинг
Наташа Гилсон (29) минатата година ја родила ќерката Анаис. Додека повеќето штотуку породени мајки се мачат со вишокот килограми, оваа жена за една година дошла до идеална форма и титула за меѓународен шампион во бодибилдинг.
„Имаше 50 учесници на натпреварувањето, но јас бев единствената мајка со бебе од само една година“ – изјавила Наташа, која триумфирала на „Фит фактор“, натпреварување во Бирминген, пред околу 60.000 луѓе.
Меѓу „нашминканите натпреварувачки и оние со вештачки нокти“ Наташа била единствена со афро фризура. Открива дека на почетокот имала огромна трема и дека се тресела како врапче. Но, не сакала да се откаже и на крајот победила.
Само месец дена по раѓањето на ќерката, Наташа донела уште една храбра одлука за да ја напушти работата во правната фирма бидејќи за неа тоа било премногу формално.
Почнала интензивно да тренира, а упорноста ѝ донела работа како фитнес тренер во клубот „NLG Fitness“ во Англија.
Оваа жена која може да подигне и до 90 килограми и чиј струк има 63 cm, сега сака своите способности да ги покаже и на телевизија и на останатите медиуми.
„Железото се кова додека е жешко, би сакала од своето име да направам бренд, можеби во некои магазини да добијам постојана рубрика во која ќе пишувам совети и колумни за фитнесот“ – додала Наташа.
Таа е вистински пример за тоа дека што и да сакате да постигнете најважна е желбата и упорноста. Ништо не е невозможно.