6 вежби што можете да ги правите додека ја гледате омилената серија
Ако повеќе сакате да си пуштите серија или филм отколку да одите во теретана, зошто да не ги искомбинирате двете активности?
Вежбањето може да биде здодевно, особено сте почетници.
Па, ако успеете да го искомбинирате со нешто друго, многу е поверојатно да се натерате да вежбате.
Ако дома имате статичен велосипед или лента за трчање, можете да вежбате додека гледате некоја серија или филм.
Но, за да ги активирате и другите мускули во телото, треба да правите и вежби.
А, следниве шест, можете да ги правите и пред телевизор:
Прва вежба
Застанете исправено со стапалата поставени во ширина на колковите.
Кренете ги рацете странично, во линија на рамената, па свиткајте ги нагоре, со дланките свртени кон напред.
Почнете да ги спуштате дланките и надлактиците надолу, како на долната илустрација, па кренете ги нагоре, како во почетната положба.
Правете ја вежбата околу 60 секунди, со бавно дишење.
Втора вежба
Застанете исправено и поставете ги надлактиците малку подолу од рамената, па свиткајте ги лактите со дланките свртени кон напред, како на илустрацијата.
Доближете ги рацете и допрете ги една со друга пред вас, па вратете се во претходната положба.
Повторувајте ја вежбате околу 60 секунди.
Трета вежба
Застанете исправено со нозете поставени во растојание колку колковите.
Поставете ги рацете покрај телото и свиткајте ги лактите, со дланките свртени надолу, како на илустрацијата.
Почнете да трчате во место, така што ќе ја кревате ногата пред вас, кон градите.
Правете ја вежбата што е можно подолго.