Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот)
Петта вежба
Легнете на грб на рамна површина. Свиткајте ги колената, а рацете поставете ги покрај телото.
Бавно кренете ја главата од подот и додека ви е крената, нежно свртете ја кон лево, па кон десно.
Вратете се во почетната положба со спуштена глава.
Направете што е можно повеќе повторувања.
Шеста вежба
Легнете на стомак на рамна површна. Нозете треба да ви бидат исправени.
Со помош на рацете, кренете го горниот дел од телото (како на илустрацијата).
Погледот треба да ви биде свртен кон таванот и да почувствувате истегнување во областа на вратот.
Држете неколку секунди, спуштете го горниот дел од телото, па повторете уште неколкупати.
Седма вежба
Седнете со исправен грб, кренете ја главата и гледајте кон таванот.
Притиснете го јазикот на горниот дел од непцето и голтнете.
Свртете ја главата кон десно и повторно голтнете, а потоа кон лево и голтнете уште еднаш.
При секое голтање треба да почувствувате истегнување во областа на вратот.
Направете четири повторувања на секоја страна.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





