Во Скопје ЗОО пристигнаа шест нови пингвини од Русија
„Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски“, велат од Скопје ЗОО.
Скопската зоолошка градина е место кое носи радост на лицата на сите генерации, а особено на најмалите. Сега семејството Скопје ЗОО е побогато за уште неколку членови.
Одговорните ја објавија среќната вест на Фејсбук:
„Oд Русија пристигнаа и преостанатите шест пингвини од групата (три машки и три женски).
Во време на пандемија, кога транспортот е сложен, а летовите редуцирани, со големи напори успеавме да ги донесеме овие шест нови жители на Скопје Зоо кои ќе им се приклучат на Скипер, Прајвет и Ковалски.
Пингвините се добро и супер се адаптираат. После пристигнувањето на скопскиот аеродром, веднаш се препуштија на уживање во внатрешниот базен, а по краткиот карантин, ќе го отвориме и надворешното живеалиште.
Пингвините се од видот хамболт.“
Фотки од пристигнувањето:
Видео од пингвините погледнете го ТУКА!
С. С. | Црнобело