Преслатка панда во ЗОО ја следи својата негувателка за да не ја напушти (видео)
Животните знаат да сакаат, а ова вирално видео е доказ за тоа како се поврзуваат со своите негуватели.
Чун Шенг е 7-месечна панда која живее во зоолошка градина во Кина. Пандата ја обожава својата негувателка и оди по неа за таа да не си замине од нејзиното живеалиште.
Очигледно, малата панда покрај неа се чувствува безбедно и забавно ѝ е да си играат.
Сцената го топи срцето и видеото стана вирален хит.
Оваа панда е родена во зоолошката со само 176 грама и минала неколку месеци во инкубатор.
-->
-->
Виралното видео од малата панда:
-->
С. С. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Тажен ден во Скопје ЗОО - Од канцер почина јагуарката Инес
„Инес во длабока старост не ја издржа битката со најлошата болест - денеска нè н...