Мачка, куче, коза – 10 животни кои станале градоначалници
Додека ние ги чуваме животните како миленици, во некои американски градови ги избираат за градоначалници.
Кај нас сè уште не постои нешто вакво, но во САД можете да налетате на многу гратчиња чиј градоначалник е куче, мачка, па дури и коза. Се разбира, овие животни не управуваат со градот и оваа функција е само симболична.
Најчесто, кога се одржуваат избори за градоначалник во кој учествуваат животни, гласачите донираат и пари со секој глас. Па, целта е всушност да се соберат средства за некоја добротворна цел.
Иако гласовите не им даваат никаква политичка моќ на овие животни, сепак е забавно што тие си ја имаат „функцијата“ и по неколку години, а на некои места се и туристички атракции.
Погледнете 10 животни кои се или биле градоначалници во САД:
Макс
Максимус е златен ретривер кој е градоначалник на Идилвајлд, мало гратче во Калифорнија. Тој е наследник на претходното куче градоначалник, кое го носело истото име, и е на оваа „функција“ од 2013-та.
Луси Лу
Луси била градоначалник на гратчето Ребит Хеш во Кентаки, кое има само 315 жители. Луси не била првото куче кое ја имало оваа функција во гратчето, а била градоначалник цели 8 години, од 2008 до 2016.
Па Кетл
Помеѓу 2014 и 2016, Па Кетл бил градоначалник на гратчето Дивајд во Колорадо, кое има околу 120 жители. Тој победил на изборите со 55 гласови.
Гас Хол
Ова кученце станало градоначалник на Коронадо, Калифорнија во 2018-та. Ова е град со околу 21.300 жители, а кучето добило 10.001 глас од речиси 20.000.
Паркер
Паркер стана градоначалник на Џорџтаун, Колорадо во февруари годинава. Низ годините тој неколкупати ѝ помагал на полицијата, а токму поради тоа ја добил нивната поддршка на изборите.