Мрзливото маче кое спие по 20 часа дневно е вирален хит (фото)
За вас вообичаено велат дека го преспавте „половина од животот“? Дефинитивно вашето духовно животно е портокаловиот мачор Fat Xiang.
Дебелото „среќно момче“ во 2016 било улично маче кое го пронашол Џеси, стоматолог од Тајван. Мачето било повредено и откако Џеси го однел на ветеринар, било откриено дека боледува од FIV, или мачјата верзија на HIV вирусот.
И покрај тоа, Џеси го посвоил мачето. Тоа спие по 16 до 20 часа дневно. На почетокот Џеси бил загрижен дека мачето е болно и го однел на преглед.
Таму било констатирано дека покрај тоа што има HIV, сега спие многу повеќе затоа што претходно бил константно нервозен додека живеел на улица.
Неодоливото портокалово маче може да заспие апсолутно секаде. Тоа испушта неверојатни смешни звуци додека спие, а сопственикот дури може да му ги исече ноктите на шепите. Во моментов го следат над 29.000 обожаватели на Фејсбук на кои очигледно им се смешни неговите поспани авантури.