Кога горила се тестира за корона вирус – се мачи и покажува среден прст
Животните за жал не останаа изоставени од процесот на тестирање од корона вирус и глетката додека се мачат е тажна, а оваа горила од 196 kg дури покажа и среден прст додека лежеше.
Шанго е горила од зоолошката во Мајами, која откако се степала со брат ѝ и се повредила, имала покачена температура, па покрај прегледот ѝ направиле тестирање за корона вирус.
Тестот на горилата е негативен, но 31-годишното животно очигледно се мачи додека го прегледуваат за повредата и му земаат брис, а целиот процес е фотографиран.
https://twitter.com/RonMagill/status/1282371700026466304
Горилата од 196kg е врзана и легната на кревет со цевка во устата, а во еден момент се гледа како покажува среден прст – случајно или намерно...
М. М. | Црнобело