Зошто кучињата се најдобри пријатели на дечињата со аутизам?

Неоспорен факт е дека децата обожаваат животни. Љубовта помеѓу нив се одликува со чистина и искреност како никоја друга.

Kucheto-edna-od-najdobrite-opcii-za-decata-so-autizam 01_630x340.jpg

Знаеме дека аутистичните деца се соочуваат со проблеми со социјализацијата, односно со комуникациските вештини.

Истражувањата од универзитетот во Линколн откриле дека за децата со аутизам кои поседуваат куче, нивоата на стрес се значително намалени, но исто така научно докажано е дека кучињата прават значителна разлика во нивното подигнување на самодоверба, во намалување на анксиозноста, подобрување на комуникацијата и поминување на поквалитетно време со семејството.

Зошто кучето може да биде одлична опција за дете со аутизам?

Едно истражување ги покажа придобивките во врска со комуникацијата на домашното милениче и аутистичните деца. Истражувањето ги прашува родителите на деца кои имаат аутизам, за тоа како нивните деца комуницираат со кучиња.

Од околу две третини од семејствата кои поседувале куче, 94 проценти рекле дека нивното дете силно се врзувало со животното.

Дури седум од 10 семејства кои немале куче изјавиле дека нивното дете ужива во интеракција со кучиња.

Kucheto-edna-od-najdobrite-opcii-za-decata-so-autizam 02_630x400.jpg

Претходното истражување во кое учествувале деца со аутизам откри дека семејното милениче од мала возраст има тенденција да ги подобри нивните социјални вештини.

Дополнителните истражувања покажаа дека социјалните вештини кај децата кои имаат аутизам привремено се подобруваат дури и кога играле со домашно милениче, само за кратко време.

Во продолжение ви наведуваме 4 начини преку кои кучето може да помогне на децата со аутизам:

1. Безбедност надвор од домот

Карактеристична за аутизмот е тенденцијата за талкање. Семејството обично има повеќе брави на секоја врата и прозорец во домот. Родителите честопати велат дека децата можат да избегаат дури и од најсигурната околина.

Децата со аутизам ретко ги разбираат многуте опасности во нивната околина како приближување на автомобил, странец со лоши намери и сл.

Многу родители признаваат дека нивниот најголем страв е кога се надвор со своето дете. Можноста да погледнат настрана само за една минута, или да се обратат на некој од соседите за нив е многу поолеснително имајќи домашен миленик-куче.

Кучињата го чувствуваат она што не можеме ни самите ние, тие точно знаат до која релација смее да се движи детето и дефинитивно се најголемите заштитници, доколку би дошло до непријатна ситуација.

2. Умешност за следење

Кучињата имаат неверојатно сетило за мирис и можат да бидат обучени да го научат истиот на одредени поединци.

Постојат посебни обуки за кучињата за помош при аутизам , односно вештини за пребарување и спасување, за да го следат мирисот на детето и да го донесат родителот до него.

Оваа вештина може да се направи ако детето со аутизам излезе од домот, отиде до продавницата, додека е на училиштен одмор, итн.

3. Значително подобрена комуникација

Овие деца се борат со вербални вештини, така што барањето на кучето да изврши трик или друга команда е одличен поттик за комуникација.

Исто така, во јавноста, детето има можност да разговара за својот миленик со своите другарчиња и со разни минувачи кои се љубители на животни.

4. Најдобри пријатели 

Кучињата, освен што важат за најдобриот пријател на човекот, исто така имаат посебна улога во животот на децата со аутизам.

„Нашите сознанија покажаа дека кучињата имаат јасно влијание врз нивото на стресот кај децата“, вели Соња Лупијан, постар истражувач и професор на Катедрата за психијатрија, Универзитет  де Монтреал и директор на Центарот за студии за човечки стрес во Луис-Х, Болницата Лафонтаин. Таа додава: „Јас досега не сум видела таков драматичен ефект“.

Децата коишто поседуваат куче се смеат многу почесто. Тие секојдневно учат по некоја нова игра и што е најважно од сѐ, развиваат чувство на емпатија.

Нема ништо подобро од ентузијастичното опавче на „пријателот кој никогаш не осудува“.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Животни кои ги јадат своите машки партнери (па дури и своите малечки) За да преживеат, женките скорпии може да ги изедат своите машки партнери откако ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg