Предмети во домот со кои вашата мачка „не се согласува најдобро“
Венецијанер ролетни
Овие ролетни се можеби практични, но вашата мачка лесно може да се заглави во нив. Доколку не можете да ги менувате, не ѝ дозволувајте на мачката да им се приближува.
Освежувач за тоалетна школка
Колку и да не сакате, кога-тогаш, вашата мачка ќе се напие вода од тоалетната школка. Поради ова, важно е да ги тргнете освежувачите од школката.
Алое вера
Ова растение е одлично за вас, но може да предизвика проблеми кај вашата мачка. Доколку мачката изеде од растението, ќе се појават симптоми како дијареја и повраќање.
Цвеќиња и растенија
Лилјаните се едни од најотровните растенија за мачки. Доколку сепак чувате лилјани, обрнете внимание на симптоми на труење. Доколку мачката повраќа, нема апетит и е летаргична, веднаш однесете ја на ветеринар.
Ова растение може да ги уништи бубрезите на мачката, и тоа само 36 до 72 часа после консумирање.
Тесто
Најверојатно немате често тесто за леб во домот, но кога правите, најдобро е да го држите понастрана од мачката.
Дури и малку тесто за леб, ќе го зголеми својот волумен откако ќе се консумира и може дури и да ја убие вашата мачка.
Спирова С. | Црнобело