Предмети во домот со кои вашата мачка „не се согласува најдобро“
Мачките се одлични миленици бидејќи не бараат многу нега и грижа. Воглавно, овие животни самите се грижат за себе и не создаваат многу обврски.
Сепак, мачките се љубопитни суштества, па сигурно ќе го истражат секој агол од вашиот дом. Поради тоа, добро е да знаете кои предмети во домот претставуваат опасност за вашето милениче.
Ова се предметите на кои треба да внимавате доколку чувате мачка:
Волница
Мачките сакаат да си играат со речиси сè, па сигурно мислите дека клопчето волница е добра играчка за нив. Но, ова не е вистина.
Доколку случајно голтнат од волницата, мачките можат да си ги оштетат цревата. Покрај тоа, секогаш постои можност да се задават.
Кабли
Доколку имате кабли на подот, вашата мачка сигурни ќе си игра и со нив. Во овој случај, постои опасност да скине некој кабел и да ја фати струја.
Ламби од хималајска сол
Овие ламби се прославија многу, наводно бидејќи од нив има здравствени придобивки. Но, и овој предмет од домот може да биде опасен за вашата мачка.
Мачките се чувствителни на сол, па овие ламби можат да им предизвикаат дијареја, летаргија, па дури и смрт.
Коски
Можеби мислите дека е добро да им давате коски на мачките, но поради нивната големина, мачката лесно може да се задави од нив.
Секогаш тргајте ги коските од масата, заедно со другата храна што вашата мачка не смее да ја допира.