Вашиот „најдобар пријател“ - одлична придружба на вашата свадба

Веќе одамна знаеме дека домашните миленици биле и ќе останат најдобрите пријатели на луѓето. Живееме во ера каде што бројката на семејства коишто поседуваат домашни миленици секојдневно се зголемува.

vashiot-najdobar-prijatel-odlichna-pridruzhba-na-vashata-svadba-001.jpg

Тие се нашето најголемо богатство, тука се во најсреќните и најтажните моменти и нивното присуство прави никогаш да не се почувствуваме осамени.

Но, кога станува збор за свадбена прослава, ретки се оние кои ќе се одлучат милениците да присуствуваат на неа.

Според најновите истражувања, докажано е дека вашето куче треба да присуствува на најпосебниот ден од вашиот живот.

Одлично сме запознаени со тоа колку емоции поседуваат кучињата и на каков посебен начин знаат да ги искажат, па и логично е самите ние да мечтаеме за нивното присуство.

Колку и да звучи застрашувачки и невозможно, во продолжение наведуваме неколку совети кои би можеле да ви користат доколку би се решиле за ваков чекор:

1. Имајте реални очекувања. Доколку вашето куче е постаро, има проблеми со социјализацијата или пак сметате дека негативно би влијаело на средбата со толкава толпа на луѓе вклучете го во некои поинтимни активности во текот на денот, а изоставете го од вечерната прослава.

2. Независно од тоа дали ќе присуствува на церемонијата, вашето куче може да биде дел од свадбената фотосесија и одлично да се забавува, создавајќи незаборавни сеќавања на кои вие гледајќи ги фотографиите секогаш ќе може да се присетувате. 

3. Доколку се одлучите вашиот миленик да присуствува на забавата, однапред водете грижа за гостите кои можеби се алергични или пак се плашат од кучиња да ги дистанцирате од масата каде што ќе седи главниот гостин.

4. Без разлика дали се работи за миленик од мирен или темпераментен карактер, најпрепорачливо би било да најмите човек кој би се грижел за него тие неколку часа или пак таа обврска да ја доделите на неколку блиски луѓе кои сето тоа би го поминале низ забава и не би го гледале како товар.

За самиот крај ви доставуваме фотографии од свадбени фотосесии и прослави во присуство на домашни миленици, кои со сигурност ќе ви го згреат срцето, ќе ве разнежнат, насмевнат и ќе ви го разубават денот. Уживајте.

 Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 миленици кои пораснале, но ги задржале старите слатки навики (фото) Старите навики тешко „умираат“ - доказ за ова се и многу, многу миленици, кои ни...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg