Дали и колку долго е во ред да го оставите кучето само дома?

Сигурно доколку би можеле, секој миг би го минувале со вашето куче. Но, за жал, во текот на денот имате многу обврски каде што едноставно не можете да го понесете вашето милениче. Па секое утро пред работа, се поздравувате со вашето куче и го оставате дома. Но дали е во ред да го оставате кучето само дома?

dali-i-koga-e-vo-red-da-go-ostavite-kucheto-samo-doma-01.jpg

Ова прашање нема еден точен одговор бидејќи секое куче е различно и си има различни потреби. Возраста, здравјето и проблемите со анксиозност се важни фактори што треба да се земат предвид за да се одговори прашањето.

Сепак, ветеринарите имаат неколку совети што ќе ви помогнат да ја донесете вистинската одлука.

На повеќето кучиња не им е проблем да седат сами

Воглавно, на кучињата не им е проблем да бидат сами дома, и тоа дури и по 10 часа. Сепак, важно е да знаете дека секое куче има потреба да оди во тоалет и да вежба.

Па доколку вашето куче не може да се воздржи дури да се вратите дома, веројатно ќе треба да си доаѓате порано или да најдете друго решение.

Истовремено, не заборавајте дека кучињата се социјални суштества. Па дури и ако вашето куче нема проблем да седи само, експертите советуваат да се обидете да го видите во текот на денот.

dali-i-koga-e-vo-red-da-go-ostavite-kucheto-samo-doma-02.jpg

Прво оставање на малото куче дома

Малите кученца можат да останат сами од 3 до 6 часа. Кога имате ново мало кученце, важно е да создадете околина без стрес. Па доколку го оставате кучето само, добро е да му набавите некаква играчка.

dali-i-koga-e-vo-red-da-go-ostavite-kucheto-samo-doma-03.jpg

Ново куче вдомено од засолниште

Кога ќе ги земете предвид околностите со коишто се соочиле кучињата по засолништата, не е ни чудно што кај нив анксиозноста е поизразена. За да го навикнете ова куче да останува дома само, прво почнете со неколку часа на ден.

Ако сè е во ред, почнете да го зголемувате временскиот интервал.

dali-i-koga-e-vo-red-da-go-ostavite-kucheto-samo-doma-04.jpg

Прв пат во кафез

Некои луѓе ги оставаат кучињата дома во кафез. Доколку имате размислувано за ова, сигурно не сакате вашето куче да се чувствува како во затвор. Па без разлика какво куче имате, најпрво навикнете го на кафезот. Направете го што е можно поудобен и додека сте дома, држете ја вратата отворена.

dali-i-koga-e-vo-red-da-go-ostavite-kucheto-samo-doma-05.jpg

Стари кучиња

Доколку имате постаро куче, можно е кај него да постои проблем со контролирањето на мочниот меур. За да ги избегнете незгодите, обидете се да се вратите дома во средината на денот, или најдете некој што ќе го направи тоа.

Исто така, најдобро е да го оставите кучето во просторија без тепих, но не заборавајте да му ставите и креветче.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg