Најемотивната фотка: Куче го прегрнува мажот што го спасил од евтаназија

Кога кучето ќе заврши во засолниште, најчесто сакаме да мислиме дека ќе биде згрижено. Но понекогаш засолништата немаат доволно пари, особено ако кучето има потреба од некаков третман. Па, неретко се случува кучињата да бидат заспани. Таква била судбината и на Грегори, куче од расата бигл.

kuche-pregrnuva-mazh-otkako-go-spasil-od-evtanazija-01.jpg

Грегори речиси бил на ред за евтаназија кога во засолништето се појавил Џо Кирк, без сомнение, во вистинскиот момент. Џо го спасил Грегори од сигурна смрт, а прегратката што му ја подарило кучето стана вирален хит.

kuche-pregrnuva-mazh-otkako-go-spasil-od-evtanazija-02.jpg

kuche-pregrnuva-mazh-otkako-go-spasil-od-evtanazija-04.jpg

Гргори имал само 2 години кога бил бележан за евтаназија. Тој имал здравствено нарушување кое може да се излечи, но е многу скапо. Сепак, судбината имала друг план, па Грегори бил спасен од Џо и Шенли Кирк само неколку денови пред да биде заспиен.

kuche-pregrnuva-mazh-otkako-go-spasil-od-evtanazija-03.jpg

Парот е коосновач на засолништето Hound Rescue and Sanctuary што им помага на напуштените кучиња да најдат нови домови. Исто така тие им помагаат на постарите кучиња што никој не сака да ги вдоми, како и на несаканите улични кучиња.

Главната цел им е да ги спасат кучињата од сигурна смрт така што ги посвојуваат од засолништата кои сакале да ги убијат.

kuche-pregrnuva-mazh-otkako-go-spasil-od-evtanazija-05.jpg

Грегори бил дијагностициран со срцев црв. Ова е паразит што ги напаѓаат белите дробови, крвните садови и срцето на животните. Знаците на болеста се замор, слабеење, недостаток од апетит и немање желба за физичка активност.

Џо и Шенли најчесто се грижат за 25-30 кучиња, а сега едно од нив е и Грегори. Грегори го добил потребниот медицински третман, но најважното од сè е што нашол нов дом и уште едно бигл куче за дружење.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg