По повод денот на мачките – 10 причини зошто се добри миленици
Ширум светот, 8-ми август е познат како Меѓународен ден на мачките. Иако овие миленици не се погодни за сите, оние кои чуваат мачки знаат колку се неверојатни.
Знаевте ли дека чувањето мачка не само што е вистинско задоволство, туку е и одлично за вашето здравје?
Доколку се двоумите дали да вдомите маче, следниве причини ќе ви покажат зошто треба да го направите тоа:
Оние кои чуваат мачки се попаметни
Едно истражување од 2010-та година покажало дека оние кои чуваат мачки, имаат поголема веројатност да завршат факултет за разлика од оние кои чуваат куче.
Друго истражување, пак, покажало дека студентите кои чуваат мачки подобро ги завршуваат нивните училишни обврски.
Истовремено се покажало и дека сопствениците на мачки се поинтелигентни, имаат поголема самодоверба и без проблем го кажуваат своето мислење.
Каков сопственик, таков миленик
Знаевте ли дека изборот на милениче може да открие многу за вашиот карактер? Сигурно досега сте слушнале дека оние кои чуваат кучиња се екстроверти, додека љубителите на мачките се интроверти.
Покрај тоа, овие луѓе се дисциплинирани и е потешко да ги манипулирате. Мачките неретко го прифаќаат карактерот на нивните сопственици, особено карактеристиките како свесност, екстровертност и емоционална стабилност.
Мачките им ги зголемуваат шансите за љубов на мажите
Доколку не можете да ја пронајдете вашата сродна душа, вдомете мачка. Бројни истражувања покажале дека жените повеќе ги привлекуваат мажи кои сакаат животни.
Според една анкета, дури 90% од жените изјавиле дека мажот кој има мачка им е попривлечен. Наводно, чувањето мачка покажува дека мажот е смирен и нежен.
Мачките ќе ви помогнат во тешките моменти
Многу терапевти тврдат дека чувањето милениче може да ви помогне во тешките моменти. Постои верување дека кучето е најдобриот пријател во овие ситуации, но едно истражување покажало дека чувањето мачка во домот е исто како да имате и партнер.
Односно, ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. Исто така, мачките секогаш ќе иницираат да си играте со нив, а и ќе ја помнат љубезноста што им ја покажувате.
Мачките се „поеколошки“ од кучињата
Доколу сте загрижени за екологијата, тогаш наместо куче, одберете да чувате мачка. Покрај тоа, трошоците за чување мачка се значително пониски од оние за чување куче.
Мачката бара и помала одговорност – не мора секој ден ја изнесувате и да ја шетате и за повеќето работи ќе се снајде самата.