По повод денот на мачките – 10 причини зошто се добри миленици

Мачките го штитат домот

Не е тајна дека мачките ќе го заштитат вашиот дом од глувци. Покрај тоа, мачката ќе ги отстрани и сите инсекти, молци, муви и пајаци од домот.

vo-chest-na-denot-na-machkite-10-prichini-zoshto-ovie-sushtestva-se-neverojatni-04.jpg

Не бараат премногу грижа

Мачките се самостојни животни, па нема да им претставува проблем доколку цел ден сте на работа или надвор од домот.

Тие се и многу почисти од другите миленичиња бидејќи самите се грижат за себе. Единствената обврска што ќе ја имате околу мачка е да ѝ ставите храна и да ѝ го смените песокот.

Го намалуваат ризикот од срцеви заболувања

Чувањето мачка може да го намали нивото на стрес, со тоа намалувајќи го ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Всушност, истражувањата покажале дека мачките го намалуваат ризикот од срцеви заболувања за дури 30%.

vo-chest-na-denot-na-machkite-10-prichini-zoshto-ovie-sushtestva-se-neverojatni-05.jpg

Предењето на мачките е добро и за вас

Секој љубител на мачки ќе ви каже дека нивното предење е најсмирувачкиот звук. Но не само тоа, предењето на мачките има и терапевтски својства и може да го забрза заздравувањето на мускулното и коскеното ткиво.

И гледањето видеа со мачки е добро за вас

Едно истражување покажало дека гледањето видеа со мачки може да ви ја зголеми енергијата и да ви го подобри расположението. Па, изгледа има причина што видеата со мачки се толку популарни на интернет.

vo-chest-na-denot-na-machkite-10-prichini-zoshto-ovie-sushtestva-se-neverojatni-06.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Смешна фото-компилација: Ситуации што им се познати на сите кои чуваат мачка Скршена вазна, истурена корпа за ѓубре… Ако имате мачка, сигурно ќе се пронајдет...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg