Совети за патувањето со миленикот да ви помине без проблеми и тешкотии

Патувањето со милениче денес е навистина полесно, но сепак постојат одредени предизвици. Важно е да имате предвид дека патувањето може да биде стресно за миленичето, па потребно е да му го направите целото искуство што е можно поудобно. 

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-01.jpg

Во продолжение погледнете кои се нештата што треба да ги направите пред и за време на патување со милениче.

Миленичето мора да има чип

Веројатно досега вашето милениче е чипувано, но сепак проверете дали неговиот микрочип е прифатен во земјата во којашто ќе одите.

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-02.jpg

Пасош, вакцини и други документи

Како и за луѓето, пасошите се неопходни и за миленичињата. Пасошот можете да го добиете од вашиот ветеринар кога ќе му ја ставите првата вакцина на миленичето.

Тогаш ќе го вградат и неговиот микрочип. Во пасошот се наоѓаат податоци за вас, сопственикот, како и за миленичето, бројот на неговиот чип и датумот на вакцинација.

Покрај тоа, ветеринарот треба да ви издаде и сертификат дека вашето куче не е болно.

Од голема важност е и распоредот на вакцините. На пример, за патување во Австралија и Велика Британија, миленичето мора да биде вакцинирано најрано 180 дена пред патувањето.

Бидејќи секоја држава има разни правила за разни животни, добро истражете кога и кои вакцини треба да ги прими миленичето.

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-03.jpg

Патување со автомобил

Патувањето со автомобил е најудобната опција за миленикот, но и во овој случај треба да направите неколку подготовки. Уште пред да тргнете, испланирајте кога ќе правите паузи.

Потоа, на ланчето на вашето милениче добро е да се наоѓаат вашите податоци, вашата адреса, како и адресата на местото каде што ќе отседнувате, во случај миленичето да се изгуби. Доколку миленичето е чипувано, проверете дали треба да ги промените податоците на чипот.

По патот, на вашето милениче ќе му биде потребна храна, вода, но и неговата омилена играчка. Важно е да обрнете внимание и на безбедноста – последното нешто што ви треба е миленичето да почне да се движи низ автомобилот и да го попречува возењето. Најбезбедната опција е да го сместите миленичето во удобен транспортер.

Најдобро е да правите пауза на секои неколку часа, во зависност од потребите на вашето милениче. Доколку излегувате од автомобилот, немојте да го оставате миленичето само внатре.

Дури и ако температурата не е превисока, внатрешноста на автомобилот може да се загрее и да му наштети на миленичето.

За да немате проблеми со неговото однесување, добро е однапред да го навикнете на патување. Вежбајте влегување и излегување од кафезот за транспорт, и после секоја успешна вежба, надградете го.

Добро би било да го наградувате и за време на патувањето за да го сфати како пријатно искуство.

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-04.jpg

Патување со авион

Денес патувањето со милениче во авион не е проблем, но најдобро е да се распрашате за сите правила и услови. Контактирајте ја авиокомпанијата и прашајте каде ќе го сместат вашето милениче и кој ќе биде одговорен за неговата безбедност.

Неретко се случува миленичињата да се изгубат или повредат при летање со авион, особено ако не се сместени во кабината со вас. Некогаш милениците се сместени во посебна кабина за животни, каде што притисокот и температура не се исти. Ова може да биде проблематично за одредени раси кучиња кои се почувствителни.

Во зависност од расата и големината на миленичето, некои авиокомпании дозволуваат да го понесете во кабината со вас, па распрашајте се и за тоа.

За да го направите патувањето што е можно поудобно за миленичето, прашајте го вашиот ветеринар за некои лекови за смирување и гадење.

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-05.jpg

Патување со воз и брод

Пред да купите билет за воз или брод, прашајте дали е дозволено патување со миленици. Доколку е, распрашајте се која опрема ќе ви биде потребна и каде ќе биде сместено миленичето. Како и кај другите видови транспорт, и во овој случај треба да понесете сè што му е потребно на миленичето.

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-06.jpg

Сместување и отседнување со милениче

Пред да закажете сместување, прашајте дали е дозволено да отседнувате со милениче, како и кои се правилата за тоа. Понекогаш некои хотели или апартмани прифаќаат миленици, но само до одредена големина.

Исто така имајте на ум дека понекогаш оваа услуга се наплаќа дополнително, па прашајте и за тоа. Пред да закажете, прашајте која опрема ќе ви биде достапна во собата или апартманот, за да знаете што треба да понесете.

soveti-za-polesno-i-poudobno-patuvanje-so-mileniche-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Им треба простор, пренесуваат салмонела – Што треба да знаете за желките како миленици? Токму поради тоа што може да пренесат салмонела, не ја гушкајте или бакнувајте в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg